1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ахмадинеџад станува се‘ понервозен

Пред дополнителните избори за иранскиот парламент(25.04.08), иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад е на удар на критиката, не само од страна на т.н. реформатори, туку и од конзервативните поради неисполнетите ветувања

default

Изборен плакат во Техеран

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад радо критикува, но наместо омилените теми Израел и САД, во последно време ги одбра внатрешнополитичките противници, пред се конзервативните. Тонот во пресрет на дополнителните избори беше се‘ поостар. На нив се избираат 80 пратеници од вкупно 290, за кои на изборите на 14 март ниеден кандидат не освои најмалку 25 проценти од гласовите. Во Техеран на пример останаа непополнети 11 места. Иако на овие избори не се работи за функцијата на претседателот и приврзениците на Ахмадинеџад имаат мнозинство, тој е се‘ понервозен, зашто расте критиката кон него и од конзервативците.


Обвинувања на сметка на соработниците


Во говор во градот Ком, познат по религиозниот центар, Ахмадинеџад претходната недела за прв пат зборуваше за постоење мафија, која ја торпедира неговата политика со корупцијата и го спречува развојот на земјата. Ахмадинеџад не наведе имиња, но кај населението се знае дека тој во прва линија мисли на групата околу Акбар Хашеми Равсфанџани, влијателниот претседател на Одборот за посредување. Рафсанџани беше претседател од 1989 до 1997 година и во 2005 година загуби против Ахмадинеџад.

Но, бесот на претседателот не е насочен само кон стариот конкурент, кој не соопштува дали ќе се кандидира повторно за функцијата шеф на државата иако има веќе 75 години.

Ахмадинеџад цели и на поранешните министри за економија, за внатрешни работи, последниот изјави дека во првиот изборен круг не биле употребени правни средства. И повторно избраниот претседател на парламентот Голам али Хадад Адел ја почувствува лутината на Ахмадинеџад, кога овој му префрли дека некои законски предлози не ги спровел според должноста и со тоа го прекршил уставот.


Лоша економска состојба во државата


Бесот на претседателот кон критичарите од редовите на неговиот табор досега не водеше кон консеквенци. Ахмадинеџад меѓутоа се обидува очигледно да го зајакне своето крило, што не е лесна задача. Луѓето отворено зборуваат дека економската состојба во државата драстично се влоши,а најмногу страдаат најсиромашните на кои претседателот им вети помош. При инфлација од официјални 18 проценти, животот на народот е се потежок.Растечките цени на бензинот придонесуваат уште повеќе. Пораснаа и цените на недвижнините,ретко некој може да купува.

И конзервативните критичари на Ахмадинеџад отворено му префрлаат дека сака да го подобри целиот свет, наместо да се грижи за состојбата во Иран. Но, само со смени во кабинетот тој тешко ќе постигне нешто, како ни со обвинувања на своите противници.