1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ахмадинеџад пречекан со навреди

И покрај големите протести, американскиот универзитет Колумбија синоќа му беше домаќин на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. За Џорџ Буш гостувањето на Ахмадинеџад говори за големината на Америка.

default

Иранскиот претседател пред студентите

„Господине претседателе,вие ги покажувате сите знаци на мал и суров диктатор“,го пречека својот гостин претседателот на Универзитетот Колумбија Ли Болинџер.Неговите зборови беа проследени со силен аплауз на пристутните околу 800 студенти.

Болинџер рече дека негирањето на нацистичкиот геноцид над Евреите може да ги залаже само неписмените и неинформираните.

„Холокаустот е еден од најдокументираните настани во човековата историја“,рече Болинџер.

Ахмадинеџад стана,исто така следен со аплауз ,но и свирежи од публиката и го обвини Болинџер за непријателски третман под влијанието на американскиот печат и политичарите.Иранскиот претседател негираше дека го оспорувал Холокаустот.

Тој едноставно сакал да бидат извршени повеќе истражувања за него.

Палестинците страдаат поради Холокаустот

Ако прифатиме дека тоа се случило,каква врска има тоа со палестинскиот народ,,зошто тој ја плаќа цената за настанот со кој нема никаква врска,праша Ахмадинеџад,тврдејќи дека Холокаустот се злоупотребува како оправдување за мачењата на Палестинците од страна на Израел.

Во текот на настапот,тој ги заобиколи обвинувањата на Болинџер,цитирајќи делови од Коранот и критикувајќи ја администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш,како и минатите влади,споменувајќи ги и бомбардирањата на Хирошима и Нагасаки.

Во Иран нема хомосексуалци

Ахмадинеџад ги отфрли критиките за кршење на човековите права во Иран,посебно оние на хомосексуалците:Во Иран немаме хомосексуалци како во вашата земја,не знам кој ви кажал дека ги имаме,рече тој следен со свирежи и извици на студентите.

Anti-iranische Proteste in New York nach Rede von Mahmoud Ahmadinejad in der Columbia University

Протести пред доаѓањето на Ахмадинеџад на Универзитетот Колумбија

Пред доаѓањето на Ахмадинеџад на Универзитетот Колумбија пред него беа собрани неколку илјади луѓе во знак на протест.

Американскиот претседател Џорџ Буш можноста иранскиот претседател да одржи предавање пред студентите на Универзитетот Колумбија ја означи за доказ на големината на Америка.

„Ако размислите,тој е шеф на државата која финансира тероризам,а сепак институција во нашата земја му дава прилика да ја изнесе својата страна на приказната,тоа говори всушност за слободата на таа земја.Доволно сме сигурни во себе да дозволиме некому да дојде и да ги изнесе своите ставови“,истакна американскиот претседател.