1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ахмадинеџад „ Подарок за британскиот народ“

По 12 денови политички и дипломатски преговори меѓу владата во Лондон и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, 15те британски војници вчера беа ослободени во Техеран. Нивното ослободување го најави токму претседателот Ахмадинеџад на прес конференција на која беа присуни и голем број странски новинари. Лондон на убавата вест од Техеран реагираше со олеснување, а војнциите на британската армија напладн

Британските војници во Техеран

Британските војници во Техеран

� треба да пристигнат во Лондон.

Иранскиот претседател говорше речиси еден час на прес конференцијата во Техеран, прво за семоќниот Господ, потоа за неправедноста на западот, па за правото на неговата замја да развива атомска технологија, и на крајот за официрите кои имале храброст пред речиси две недели да ги упсат британските војници кои неелегално ја минале поморската граница. А на крајот на говорот, на изненадување на сите го објави ослободувањето на британските војници. Иранскиот народ им простил рече тој „Со ова изјавувам, со целосен авторитет на Исламската република, дека иако имавме право, да ги изведеме пред суд 15 британски маринци, по повод велигденските празници на војниците им подаруваме слобода и простување,“

Ахмадинеџад не наведе услови за ослободувањето на војниците. Ниту збор повеќе за извинување од Лондон, и признавање на грешка, која ден претходно беше услов за ослободување на војнциите. Претседателот на прес конференцијата, пред камерите од целиот свет им додели и ордени за храброст на војниците на револуционерната гарда, а навести дека Иран е заинтересира и за нормализирање на односите со САД предуслов Вашингтон да го смени својот став. Претседателот Буш се спротивстави на замена на британските војници за петте ирански дипломати заробени во Ирак.

Лондон пак на веста од Техеран реагираше со олеснување „Нашите војници беа ослободени. Знам дека овој чекор значи големо олеснување не само за нивните семејства кои во последните 12 дена доживеаа голем страв и загриженост.“ рече британскиот премиер Тони Блер кој им се заблагодари на сите партнери во ЕУ, на Советот за безбедност и на сите пријатели на Велика Британија кои придонесоа да бидат ослободени војниците. За брзото завршување на кризата според набљудувачите свој придонес во преговорите дале и Турција и Сирија. Британските маринци веќе се на пат кон Лондон.