1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ахмадинеџад повторно провоцира

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска (14.10.) го продолжува дводневниот официјален престој во Либан со посетата на неколку села во југот од земјата, на само неколку километри од израелската граница.

default

Знакот за мир очигледно не важи за Израелците - Ахмадинеџад во Бејрут

Махмуд Ахмадинеџад беше пречекан како државен херој - илјадици жители на либанскиот главен град Бејрут се собраа да го поздрават иранскиот претседател и да го слушнат неговиот антисемитистички говор. Израел е земја-тиранин, пропагира Ахмадинеџад, која наскоро ќе пропадне: „Единствениот начин да се постигне мир во регионот е да се признае суверенитетот на палестинската држава. Се разбира, израелскиот окупатор мора еднаш засекогаш да ги напушти запоседнатите области и да се врати во сопствената држава“, истакна Ахмадинеџад во Бејрут.

Ahmadinedschad im Libanon

Иранскиот претседател пречекан со највисоки почести

Неговите изјави наидоа на добар прием, особено кај приврзаниците на шиитската организација Хезболах, предводена од Хасан Назралах. Неговата радикално-исламистичка милиција добива пари и оружје од Иран, а земјата го финансира и теророт против Израел.

Припадниците на прозападно ориентираниот премиер на Либан, пак, Саад Харири, уште пред доаѓањето на Ахмадинеџад предупредија дека гостинот може да ја наруши внатрешнополитичката рамнотежа во земјата. Христијаните и сунитите стравуваат дека Хезболах сега ќе добие уште поголем полет. Меѓутоа, Ахмадинеџад не обрнува внимание на тоа, неговите провокации продолжуваат. Денеска престојува во близина на самата граница со Израел. Според официјалното соопштение, иранскиот претседател сакал да посети неколку либански села на југот од земјата. САД и Израел го оценија овој чекор како „намерна провокација“.

Автор: Тим Шилинг/ Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска