1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ахмадинеџад победник на изборите во Иран

На претседатлските избори во Иран изненадувачки победи ултраконзервативниот градоначалник на Техеран Махмуд Ахмадинеџад.Известува Јерг Фул.

Махмуд Ахмадинеџад, победник на изборите во Иран

Махмуд Ахмадинеџад, победник на изборите во Иран

Тој беше единствениот кој во неговта предизборна кампања не ги користеше западните изреки, кој не се приближи до младината и жените и кој не говореше за повеќе слободи и контакти со западот. Махмуд Ахмадинеџад водеше такаречи оригинална револуционерна предизборна кампања: скромна, без големи средства – токму онака како што самиот сакаше да биде виден од граѓаните: едно од седумте деца во неговото семејство, со сиромашни околности, борец во војната против Ирак, скромен слуга на револуцијата и неговата земја.

По изборот на Ахмадинеџад сепак треба да се биде претпазлив со предрасудите смета Јоханес Рајснер експерт за Иран во Фондацијата наука и политика и додава дека и за него ова било изненадување:

„Малку. Според бројките и господин Рафсанџани имаше добра шанса, добра појдовна база, но најверојатно ваквиот исход од изборите лежи во слабиот одзив на гласачите.“

Сепак кога 48 годишниот градоначалник на Техеран во август ќе ја преземе функцијата премиер тогаш иранскиот систем ќе биде повторно исламско конзервативен и владеан од духовниот водач Ајатолахот Чаменеи. Наспроти реформистите, претседателот Ахмадинеџад нема да се обиде да го предизвика духовниот водач.

Добрата вест е дека Иран со Ахмадинеџад ќе функционира поефективно и за западот ќе биде попресметлива држава отколку вечно блокираната република од последните години.

Лошата вест е дека Ахмадинеџад ќе ја стегне завртката на репресија. Чуварите на религијата кои во последно време се чинеше дека исчезнаа повторно ќе се појават имено Ахмадинеџад е поранешен обучувач на Басиџи милициите. Тој служеше и кај чуварите на револуцијата. Тој е првиот не Мула на претседателската функција по речиси 25 години, но консеквентно, како и неговите претходници, треба да го спорведе Хедчабот, исламски закон за облекување. Имено како градоначалник на Техеран конфискувал рекламни плакати со Дејвид Бекам, бидејќи можеле да се видат неговите нозе. Сите жените во негова близина го носат црниот џадор, мажите исламската брада, а малите девојчиња шамија. Оние кои соработуваа со западот околу иранската атомска техника тој ги означи како страшливци.