1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ахмадинеџад не се плаши од санкции

*

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска во говор на воена парада во Техеран изјави дека никакви санкции нема да го спречат Иран да ја развива својата нуклеарна програма. Реакцијата следи по вчерашната средба на претставници на петте вето сили во Советот за безебедност и Германија на која воделе “конструктивни разговори” за заострување на санкциите против иранската влада поради спорната атомска програма. Инаку денеска на парадата во Техеран со која се одбележува годишнината од иранско-ирачката војна беше претставена нова ракета со дострел од 1800 километри, што значи може да досегне до Израел и американските бази во регионот.