1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ахмадинеџад не гледа причини за војна

Една недела по изјавите на францускиот министер за надворешни работи Кушнер дека во спорот околу иранската атомска програма мора да се планира и на последната можност,а тоа е војна,доаѓаат реакции од Иран.

default

Иранскиот претседател

По изјавите на францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер од пред една недела,иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја минимизира опасноста од војна.Во интервју за американскиот ЦБС и претходно во Техеран,Ахмадинеџад потенцираше дека според него не постои никаква опасност од воен конфликт.Зошто би војувале едни против други?Не претстои никаква војна,рече тој.

Иранскиот претседател уште еднаш одрече дека неговата земја подготвува атомско оружје,слично како пред две недели ајатолахот Али Камнеи.Иранската нуклерана програма Ахмадинеџад ја оцени за многу транспарентна,која служи во цивилни цели.

Иранскиот претседател не одговори директно на обвинувањето од американската влада дека во Ирак американските војници се убивани од ирански бомби.

Кога Американците било каде во светот имаат некој проблем,кој што не можат да го решат,ги обвинуваат другите.Жал ми е што поради погрешни одлуки на американските одговорни лица страдаат ирачките луѓе и гинат американските војници,рече Ахмадинеџад.

Протести против иранскиот претседател

Тој од вчера се наоѓа во САД,каде сака да учествува на Генералното собрание на ОН.Пред неговата посета упати молба да ја посети Котата нула,местото на терористичките напади од 11 септември 2001 година.Американските власти од безбедносни причини ја одбија молбата.Американските политичари и еврејските организации жестоко протестираа поради планираната посета.Оној кој ги споделува целите со Ал Каеда,не смее да добие дозвола за посета на Котата нула во пропагандни цели,изјавија претседателите на 50 еврејски организации во заедничкото соопштение.

Членовите на еврејските заедници во Њујорк пак повикаа на протести поради планираниот настап на иранскиот претседател пред студентите на Универзитетот Колумбија.Доув Хајкајнд,пратеник во Парламентот на сојузната држава Њујорк ги повика своите сонародници:

„Ги повикувам Њујорчаните животот на Ахмадинеџад додека е во Њујорк да му го направат како пекол.“

Тој појасни дека под пекол мислел на граѓанска непослушност,запирање на Ахмадинеџад да дојде на универзитетот,но без насилство.

Универзитетот и покрај протестите на ја откажа манифестацијата.