1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ахмадинеџад за односите со САД

x

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека неговата земја не води политика за предизвикување војна со САД. Во интервју за американската телевизија Си Би Ес, тој нагласи дека не гледа основа за такво нешто. Ахмадинеџад повторно демантираше дека неговата земја развива атомска бомба. Нуклеарните активности на Иран според него се мирољубиви. Инаку Ахмадинеџад ова го изјави воочи заминувањето во Њујорк, каде треба да учествува на утрешното генерално собрание на ОН.