1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ахмадинеџад го собира половина свет околу себе

Самитот на неврзаните држави е шанса за Иран. Денешната (26.08) средба на претставници на околу 100 земји во Техеран може да му помогне на Иран во дипломатските натегања околу неговата атомска програма.

Иран го презема претседавањето со Движењето на неврзаните земји во наредните три години. На средбата во Техеран, според ирански наводи, учествуваат околу сто држави, а има и 35 шефови на држави и влади, меѓу нив и египетскиот претседател Мухамед Мурси, индискиот премиер Манмохан Синг и кубанскиот лидер Раул Кастро.

Доаѓањето на Бан Ки Мун ги лути Американците и Израелците

Меѓу присутните е и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Според неговиот портпарол Мартин Незирски, Бан се радува на самитот, зашто тоа е прилика за соработка со земјите учеснички, вклучително и Иран, при решавањето на глобални прашања.

Ваквиот став не го делат сите ни оддалеку. Израел и САД сметаат дека присуството на Бан во Техеран е контрапродуктивно и штетно. Според

Ban Ki-moon

Бан Ки Мун ги лути САД и Израел

портпаролот на американскиот Стејт департмент, Викторија Нуланд, Иран е земја која ги повредува сите можни обврски на ОН и е дестабилизирачка сила: „Се надеваме дека оние што се решиле да учествуваат, вклучително и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, ќе им ги соопштат на Иранците јасно своите позиции по прашањето на меѓународните обврски што ги има таа земја.“

Тоа, како што тврди портпаролот на Бан, е цврста намера на генералниот секретар на ОН: „Тој ќе ја искористи можноста да ги пренесе стравувањата и очекувањата на меѓународната заедница во однос на соработката во сферата на регионалната стабилност и добробитта на иранското население. Тоа ги вклучува проблемите на иранската атомска програма, тероризмот, човековите права и кризата во Сирија.“

Иран се надева на дипломатски поени

Иран без сомнение се надева дека со организација на самитот ќе добие дипломатски поени. Западот пак, под раководната палка на Вашингтон, се

Bildergalerie Blockfreie Staaten

Движењето на неврзаните опфаќа половина од светското население

обидува да го изолира Иран дипломатски, да го ослабне економски и да го стави под политички притисок, за Техеран да направи отстапки во спорот околу атомската програма. Иранското раководство е обвинето дека работи на развој на атомско оружје, додека Техеран тоа го негира и наведува дека неговата нуклеарна програма следи мирнодопски цели.

На самитот на неврзаните треба да се разговара за Блискиот Исток, социјална праведност и проблемот на Палестинците, изјави Мохамед Реза Форгани од министерството за надворешни работи во Техеран. Членки на Движењето на неврзаните се земји кои опфаќаат речиси половина од светското население и движењето важи за втора по големина организација во светот по Обединетите нации. Движењето е основано во 1961. година во Белград.

Поврзана содржина