1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Африка може да биде жртва на финансиската криза

Во главниот град на Нигерија, Абуџа заврши четвртиот форум „Партнерство со Африка“. Централни теми на средбата иницирана од германскиот претседател Хорст Келер беа кризите во Конго и глобалната финансиска криза.

default

Основна тема на форумот во Абуџа беа пречките и бариерите во африканско- европските односи, кои постојано излегуваат на виделина, без оглед на тоа за која политичка област станува збор: за климатските промени или поправедно организирање на светската трговија.

Кризата како шанса

Учесниците овојпат беа единствени во тоа, дека и во актуелната финасиска криза, повторно се заканува опасноста Африка да биде жртва иако не е меѓу оние кои во значителна мерка ја предизвикаа кризата.

Horst Köhler hält dritte Berliner Rede ARCHIVBILD von 2007

Германскиот претседател Келер се наоѓа на повеќедневна турнеја низ Африка

Германскиот претседател Хорст Келер за тоа истакна:

„Во сегашната криза лежи и голема шанса. Кризата потекнува од индустриските држави, кои преку сопствените грешки сфатија дека и тие се ранливи. На индустриските земји им престои да извлечат заклучок дека е потребна поголема скромност и да покажат способност за учење, и тоа не само во областа на економијата. Се надевам дека финансискиот самит во Вашингтон наредната недела ќе биде добар почеток.“

Африканците треба да понесат одговорност за мирот и безбедноста на континентот

Претседателот Келер не апелираше само на одговорноста на Европејците за оддржлива политика кон Африка туку ги потсети и неговите африкански партнери дека имаат заедничка одговорност за мирот и безбедноста во Африка. Повод за ова беа последните настани во Конго.

По завршувањето на форумот во Абуџа, започна официјалната посета на германскиот претседател Хорст Келер на Нигерија. Тој притоа ги повика одговорните лица во земјата да се заложат за поправедна распределба на парите добиени од ископувањето на нафта.