1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Африка во време на економска криза

Светската финансиска криза пристигна и во Африка. Како африканските земји да ги пресретнат глобалните предизвици? Овие прашања беа во фокусот на 9. меѓународен економски форум за Африка во Париз.

default

Се’ помалку работа - рудник во Кого

Aктуелната финансиска криза не е типичнo африканска криза - во оваа констатација беа согласни учесниците на Меѓународниот економски форум за Африка, што се одржа во Париз. Според нив, многу африкански земји, со постабилни политички и економски односи отколку во минатото, денес повеќе се во состојба да се справат со една ваква криза, отколку во 70-те или 80-те години на минатиот век. Сепак, влијанијата на кризата јасно може да се почувствуваат и на црниот конитент - на пример на тамошните берзи.

Понатаму, кризата особено се чувствува во економиите на земјите кои главно се концентрираат на извоз на важни суровини, нафта или минерали. Со падот на меѓународната побарувачка, паѓаат и приходите, производството во рафинериите и рудниците се намалува, а се зголемува невработеноста. Освен ова, Централна Африка страда и поради падот на извозот на дрво. Уплатите од Африканците во странство, важен извор на девизи за многубројни земји, исто така се значително намалени. Во африканските земји опаѓаат приходите на населението по глава на жител.

Кризата има директни последици врз населението

Хозе Хихон, раководител на одделот за Африка и Блиски исток во центарот за развој на ОЕЦД, стравува дека поради ова ќе бидат скратени, во прв ред, социјалните програми. „Големиот проблем на Африка е што се успори порастот, посебно годинава. Во 2010 ќе се опорави, но нема да го достигне нивото од претходните десет години.

Ölproduktion in Angola

Производство на нафта во Ангола

Тоа значи дека први на удар се приходите на владите. А владите во Африка играат голема улога при распределбата на ресурсите. Овие средства беа пренасочувани кон најнеповластените. Дури и ако владите се потрудат, кризата ги засегнува програмите за инфраструктура или здравството, иако се бориме да не биде така. Ова има директни последици врз населението.“

Според Хихон, во опасност е и спроведувањето на меѓународните програми, како на пример милениумските цели, конкретно целта за намалување на смртноста кај децата. Според прогнозите, поради кризата ќе умрат околу 700 илјади деца повеќе, отколку што би било случај доколку непречено би се спроведувале милениумските цели. Сите овие предизвици од глобалната криза, сметаат експертите во Париз, африканските земји би можеле да ги решат само доколку повеќе се насочат кон домашните ресурси, кон развојот на нивната интерна инфраструктура и сопствените пазари.

Потребни се странски инвестиции

Кристина Дуарте, министер за финансии на Зелено’ртската Република, островска држава во Атланскиот океан, не е сосема воодушевена од предлозите, сега, во време на криза, поддршката на домашните мали и средни претпријатија да добие предност, пред странските директни инвестиции. „Владата на Зелено’ртската Република смета дека странските директни инвестиции се најважниот мотор во оваа меѓународна криза, оти вообичаено е овие инвестиции да се поврзани со браншите во пораст. За да се опоравиме од меѓународната криза, мора да ги реактивираме машините за пораст.“

Онаму, каде странските инвестиции ќе го поттикнат стопанството, во втората фаза ќе има доволно работа и за локалните мали претпријатија, убедена е министерката.

Автор: Моника Хоган / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска