1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Африка беше на опашката

Хуманитарните организации го критикуваа самитот на Групата 8 поради недоволниот напредок во борбата против сиромаштијата во светот.

Сиромаштијата ги тера на очајничко бегство

Сиромаштијата ги тера на очајничко бегство

Сега е на канцеларката Ангела Меркел, под нејзиното претседателство во идната година, да се погрижи за тоа децата во Африка да можат да одат на училиште, сите инфицирани од СИДА да добијат третман, а помошта повторна да се најде на вистинскиот пат. По завршувањето на самитот во Санкт Петерсбург, Меркел изјави дека на средбата во идната година, битката против сиромаштијата ќе игра значајна улога:

Еуфоријата од Глен Иглс од самиот на Г-8 во Шкотска е минато. Една година по него, кога се се вртеше околу Африка, сиромаштијата, долговите и сидата, во Санкт Петерсбург таа тема беше фус-нота. Не уследи никакво продолжување на ослободувањето од долговите во износи од милијарди за 15-те држави од Африка. Претседателот Путин не сакаше да слушне за тоа Африка да ја стави на толку високо место како Тони Блер во минатата година обиколен од рок-ѕвездите како Боно и Боб Гелдоф. Тогаш целта беше: ослободување од 30 милијарди евра долгови и зголемување на развојната помош за 40 милијарди до 2010 година. Се ослободените пари ќе можеа да се третираат болните, болните од сида ќе добиеја лекови, а повеќе деца ќе можеа да одат на училиште, зашто 40 милиони се уште немаат таква можност. Голем број хуманитарни организации, како и луѓето во Африка, се помалку веруваат дека ќе се случи ветеното основно образование за сите до 2015 година.

Билансот за развојна помош е уште помалку позитивен. Државите членки на Г-8 се зад зацртаниот план. Недостигаат преку 3 милијарди евра, криткува ДАТА, лоби - организација за Африка. Таа го оценува самитот во Санкт Петерсбург како назадување.

И Германија доби средна оценка. Берлин е зад неговите ветувања, иако математиките и контра-сметките се тешко согледливи. Најчесто, старите и новите ветувања за исплати се собираат на купче за разубавување на сликата. Дури и ако африканските змеји преку ослободувањето од долговите, на хартија располагаат со повеќе пари за социјална помош, буџетите најчесто наликуваат на фата моргана и ништо повеќе. Постојаното зголемување на цената на нафтата многу бргу ги голта дополнителните резерви. Отако Африка на последниот самит падна на последното место и скоро симболично за неа се разговараше дури последниот ден, сега надежите на континентот се завртени кон германската канцеларка. Како домаќинка, таа треба да се погрижи битката против сиромаштијата, болестите и неисхранетоста повторно да добие предност, како што беше во Глен Иглс.