1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Африкански цариници на специјализација во Германија

Во германскиот град Минстер се нудат студии со завршна мастер диплома наречени „Царинска администрацијa“. Едногодишната специјализација треба да ги запознае учесниците со меѓународните стандарди во областа на царината.

default

Студентите ги следат предавањата по „Царинска администрација“ со голема љубопитност

Додека во Европа се бришат границите меѓу државите и пазарот станува попрооден, во африканските држави треба многу да се чека додека цариниците ја одобрат стоката. Царината во ваквите држави се’ уште е единствен извор на приходи и затоа има многу корупција. Во меѓународното право има нови критериуми за подготовка и испраќање на стока. Поради тоа, безбедноста игра се’ поголема улога во областа на царината. Особено кај големите транспорти на контејнери многу тешко е да се сочува прегледност при товарењето. Итно се потребни еднакви системи на каталогизирање што ќе го поедностават пазарот и ќе спречат транспорт на илегална стока. Значи, пожелни се општи меѓународни стандарди во областа на царината. Студискиот правец „Царинска администрација“ сака да го даде својот придонес за тоа. Еден од студентите е Џашри Бај Рама од Маурициус. Таа се смрзнува. Германското лето им претставува вистински проблем на студентите од странство. Во нејзината татковина Маурициус, во моментов, има вистинско лето со 30 степени Целзиусови. Во студентскиот дом во Минстер таа најрадо би го вклучила парното греење. 29 годишната студентка е првпат сама во некоја странска земја.

Студиите се големо искуство за сите студенти

Studi-DW Reihe Besondere Studiengänge: Customs Administration in Münster

Студентите-дипломци по „Царинска администрација“ во Минстер

Во Маурициус Џашри одела на училиште, потоа студирала на универзитет микроекономија и направила мастер диплома во финансиско стопанство. Таа не планирала да најде работа во царина, но: „Јас воопшто не сакав да работам на царина. На почетокот работев како службеничка во јавната служба, пред да станам цариник. Се одлучив за царина, бидејќи во оваа служба во Маурициус доминираат мажи. Има многу малку жени што работат во тој сектор. И јас сакав да станам како овие жени, бидејќи кога си во униформа луѓето повеќе те почитуваат“, објаснува Бај Рама. Таа свесно се одлучила за професионална кариера, а не за традиционалниот начин на живот што го водат повеќето жени на Маурициус. Имено, рано да се омажат и да родат деца. Џашри Бај Рама сака да ја искористи секоја шанса што и се нуди за да се школува. Затоа, таа и се пријави за специјализацијата со завршна мастер диплома во Минстер. „Секој сака да има добра професија, да направи кариера за да има подобар живот, едноставно да напредува. Така гледано ова во Германија беше голема шанса за мене, бидејќи во Маурициус нема универзитет што го нуди овој студиски правец.“

Студентите се грижат за иднината на нивните татковини

Затоа се одлучи за областа ризичен менаџмент, односно се специјализирала за сузбивање на измами. Се работи за тоа да се развијат стратегии и концепти како да се спречи влез на илегална стока во земјата. Или, пак, како може најкоректно да се процени вредноста на увезената стока, за да може да се одреди царината за поедини работи. „Во моментов се наоѓаме во една преодна фаза. Областа ризичен менаџмент треба да прерасне во сопствен оддел. Ние не знаеме како да го направиме тоа, како да се уреди таа фаза, што се’ треба да знаеме за тоа и каков софтвер ни е потребен. Затоа сме тука да ги научиме овие работи.“

Така студентите во Минстер имаат предавања по царинска политика и законодавство. Тие го учат меѓународното трговско право и модерните техники од областа на менаџментот. Доцентите доѓаат од целиот свет, а еден од нив е стопанскиот правник професорот Ахим Рогман. Она што нему најмногу му се допаѓа кај студентите е трудољубивоста и интересот: „Можам да кажам дека споредбено со студентите кои студираат во својата татковина, африканските студенти се многу ангажирани.......Можеби поради тоа што се работи за постдипломски курс и студентите се многу свесни за предностите што им ги нуди овој курс.“

Zollhaus in Tansania

Царина во Танзанија

Студентите имаат големи надежи по завршувањето на студиите

Џашри Бај Рама си ветува многу од студирањето во Германија: „Во секој случај сакам да добија повисока позиција на работа. Но, најдобро би било доколку успеам да станам меѓународна жена. Сакам да работам во различни земји во светот. Тоа ми е голем сон. Значи, сакам да патувам од една во друга земја, не за да уживам во животот, туку да научам што е можно повеќе. Тоа е фантастично“, вели младата жена од Маурициус. Таа ќе ги искористи можностите што и ги нудат студите во Минстер. Затоа, кога нема предавања таа учи, дури и на викенд: „Не мислам да одам во шопинг со пријателките или пак, да правиме нешто заедно. Јас немам време за такво нешто. Морам да му се посветам на студирањето.“

Автор: Штефани Крингс / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска