1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Африканка е нов главен обвинител на МКС во Хаг

Фату Бенсуда (50) од Гамбија е избрана за главен обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, а на тоа место го наследува Луис Морено-Окампо од Аргентина.

default

Фату Бенсуда

Мандатот на Луис Морено-Окампо завршува во јуни следната година, а Бенсуда во моментов е заменик главен обвинител на МКС.

Бенсуда кариерата ја почна во 1987 година како адвокат во Гамбија, по завршените студии по право во Нигерија, а во Малта магистрираше на поморско право.

Како Африканка, Бенсуда е особено поволна за функцијата, зашто најголемиот дел од случаите во моментов е против злосторници од Африка. За многумина Африканци е симптоматично што на обвинителната клупа во Хаг седат само луѓе од овој континент. Често се слушаат теории за „бела правда“ и „пресметка со Африканците“. Бенсуда ги отфрла ваквите обвинувања, истакнувајќи дека приоритет на Судот во Хаг е борбата против злосторствата, било каква боја да е кожата на извршителите.

Автор: ЖА/ЕМФ/дв/Лина Хофман

Редактор: А. Трајковска