1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Аферата „Шпигел“: Политиката против слободата на печатот

На 26. октомври пред 50 години полицијата на иницијатива на политичарите изврши претрес во редакцијата на германскот магазин „Шпигел“ и ги уапси водечките уредници. Тоа беше напад на слободата на печатот.

Тоа што се случи во октомври 1962. година остави длабок печат на врската помеѓу политичарите, судството и новинарите во Германија. Тогаш политичкиот неделник „Шпигел“ објави критичен текст за Бундесверот. Германската војска е само „условно подготвена“ за одбрана на земјата и во секој случај би морала да употреби атомска ракета за да се одбрани од евентуален напад, гласеше главната теза на „Шпигел“. Авторот на текстот дошол до тој заклучок по оценката на еден воен маневар на НАТО.

Тоа е предавство на државата, сметаа водечките политичари, пред се’ тогашниот канцелар Конрад Аденауер и министерот за одбрана Франц Јозеф Штраус.

Spiegel Affäre

Насловната страница на спорното издание на магазинот „Шпигел“

Постапки со трајни последици

Државниот обвинител нареди истрага против редакцијата на неделникот. Издадени се наредби за апсење на авторот на текстот и на главниот уредник, кои во затвор поминаа стотина дена. Со недели редакцијата на весникот беше затворена. Но, против таквата постапка на државата спрема новинарите протестираа дел од населението и одделни политичари од тогашната коалициска влада. На крај министерот за одбрана Штраус мораше да поднесе оставка, бидејќи беше јасно оти тој во голем дел учествувал во репресалиите против германскиот весник.
„Такво неодговорно влијание на политичарите врз печатот денес во таа мерка е веќе невозможно“, кажува за ДВ долгогодишниот политичар на Социјалдемократската Партија на Германија и директор на медиумската групација „ВАЦ“,  Бодо Хомбах.

Слободата на медиумите денес во Германија

Spiegel Affäre Demonstration Pressefreiheit

Протести за поддршка на слободата на печатот по апсењата во „Шпигел“

Со него се согласува и претседателот на Унијата на германски новинари Михаел Конкен: „Ние во Германија имаме критични весници и електронски медиуми, кои ја информираат јавноста за неправилностите“. Но сепак, Конкен мораше да признае дека организацијата „Репортери без граници“ во последните неколку години слободата на медиумите во Германија ја ставила на 17. и 19. место. Сите радио и ТВ станици во оваа земја ги контролираат соодветни управувачки совети. Во нив претставници се соодветни општествени групи, но и политичари од сите партии. Т.н. „случај Брендер“ кога во 2010. година  главниот уредник од телевизијата ЗДФ (ЦетДеЕф) Николаус Брендер мораше да замине од функцијата, бидејќи еден политичар го сметал за непријатен, предизвика бурни реакции на германската медиумска сцена. Михаел Конкен од Унијата на германски новинари наведува и случаи кога одделни весници од своите изданија повлекле дури и реклами кои биле критични спрема некои фирми или политичари. „Тоа не е слобода на медиумите, каква што ние ја замислуваме“, кажува Конкен.