1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Аутсајдер со германски тренер

Денеска германската фудбалска репрезентација во Баку против Азербејџан ќе игра квалификациски натпревар за СП во фудбал во 2010. Екипата од Кавказот важи за аутсајдер иако е предводена од поранешен германски селектор.

default

Берти Фогтс, селектор на репрезентацијата на Азербејџан

Азербејџан против Германија, тоа е како Давид против Голијат, вели Бери Фогтс, германскиот тренер на Азербејџан: „Точно знаеме дека немаме шанси против Германија. Но, сакаме да ги налутиме.“

Азербејџан на светската ранг листа на ФИФА меѓу Етиопија и Нова Каледонија

Fussball Nationalmanschaft Bundestrainer Löw

Селекторот Јоаким „Јоги“ Лев не сака да чуе за ништо друго освен за победа

Досега билансот на неговата екипа во петте натпревари во групата е навистина слаб: еден нерешен резултат, четири порази и без постигнат гол. Повеќе од една година Фогтс ги тренира Азербејџанците. Дали неговиот договор, кој истекува на крајот на 2009 година ќе биде продолжен, се` уште не се знае.

Поранешниот германски репрезентативен голман Ули Штајн, кој е дел од тимот тренери на Фогтс е скептичен: „Овде со сигурност треба нешто да се придвижи, да се изгради. Но тоа трае три четири или пет години. Тоа е времето што ни е потребно за да можеме да играме некаква улога на интернационално ниво. А не верувам дека ќе го добиеме тоа време.“ Во моментов Азербејџан е на 137 место на sветската ранг листа на Фифа, едно место зад Етиопија и едно пред Нова Каледонија.

Успешно да се исполни задачата

Trainig der Deutschen Nationalmannschaft

Германските репрезентативци на тренинг

Германија досега никогаш не играла против Азербејџан. Менаџерот на репрезентацијата, Оливер Бироф, предупуредува да не се потцени противникот од Кавказот: „Иако тие самите не постигнале гол, сепак губат само со еден или два гола, како на пример 0:2 од Русија. Тоа нормално покажува дека екипата има одредена солидност. И затоа мора да се внимава и да се даде гас од самиот почеток“

Германскиот селектор Јоаким Лев исто така не сака да чуе за ништо друго освен за победа. Како лидер на квалификациската група 4, Германија има задача од Баку да се врати дома со три бода: „Значи тоа наликува на натпревар од Купот на Германија: Прволигаш во Бундеслигата против екипа која е цела класа послаба. Прашањето е колку добро ќе играме ние? Ако прикажеме добар фудбал, тогаш ќе ја исполниме и задачата што ја имаме, имено да освоиме три бодови.“

Автор: Штефан Нестлер/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска