1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Аунг Сан Су Чи сепак во парламентот

Аунг Сан Су Чи денеска објави дека нејзината партија, Национална лига за демократија, го прекува бојкотот на парламентот во Мјанмар во кој на последните избори и таа освои пратеничко место.

Членовите на партијата на Аунг Сан Су Чи ќе положат заклетва, во која стои и заштита на уставот, иако во него е содржана водечката улога на армијата. Заклетвата ќе биде извршена „што е можно поскоро“, соопшти Аунг Сан Су Чи, зашто тоа е „волја на народот“. На изборите одржани на први април, кои важеа за тест на реформските желби на владата во Мјанмар, партијата на носителката на Нобеловата награда за мир освои 43 од 45 расположиви места во парламентот. Меѓутоа, членовите на Националната лига за демократија одбиваа заклетва со понудените формулации за заштита на уставот.

Мјанмар со години е раководен од воена влада. Лидерката на опозицијата Аунг Сан Су Чи повеќе години помина во затвор или во домашен притвор. Од минатата година владата на поранешниот генерал Теин Сеин води политика на отворање на земјата. За возврат на реформските напори Западот ги олабави санкциите кон Мјанмар. Минатата недела ЕУ ги укина санкциите кон оваа земја.

На крајот на својата источноазиска турнеја, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска се среќава со претседатеот на Мјанмар, Теин Сеин. Тема на разговорите ќе биде натамошно демократизирање на Мјанмар. На агендата на Вестервеле се и средби со опозицијата. Тој вчера веќе разговараше со носителката на Нобеловата награда за мир, Аунг Сан Су Чи, лидерка на опозициското движење, на која и‘ вети германска поддршка на демократските реформи во Мјанмар.