1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Аунг Сан Су Чи по повеќе од две децении во Европа

Лидерката на опозицијата во Мјанмар, поранешна Бурма, ја започна својата прва европска турнеја по 1988 година. Аунг Сан Су Чи е носителка на Нобеловата награда за мир.

Лидерката на опозицијата во Мјанмар, поранешна Бирма, Аунг Сан Су Чи пристигна во Женева, што е прво нејзино патување во Европа по 24 години. Носителката на Нобеловата награда за мир, која долги години беше во притивор во нејзината земја, ќе го посети европското седиште на ОН.

Планирано е Аунг Сан Су Чи да одржи говор и пред годишното собрание на Меѓународната канцеларија за труд ИЛО, за синдикатите и принудната работа во нејзината татковина. Во сабота Сан Су Чи патува за Осло, каде официјално ќе ја прими Нобеловата награда за мир, која и’ е доделена пред 21 година.

Во рамките на европската турнеја Су Чи ќе отпатува и во Франција, Ирска и Велика Британија.