1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Аунг Сан Су Чи положи заклетва во парламентот

Лидерката на опозицијата во Мјнамар, Аунг Сан Су Чи, со еднонеделно задоцнување положи заклетва како пратеник во парламентот.

66-годишната носителка на Нобелова награда за мир заедно со другите избрани пратеници од нејзината партија, Национална лига за демократија, се заколна дека ќе го почитува уставот. Околу таа формулација претходно се водеше спор, зашто партијата на Су Чи се залага за промена на уставот, во кој е истакната водечката улога на војската во земјата.

Аунг Сан Су Чи го прекина отпорот под притисок на партијата и на гласачите.

„Многу сум среќна што сум во парламентот. Ќе се трудам стопроцентно да одговорам на желбите на народот“, изјави таа, истакнувајќи дека не се откажува од предизборното ветување за менување на уставот.

На парламентраните избори на први април нејзината партија освои 43 од вкупно 45 места во парламентот.

Минатата година воената хунта во Мјанмар формално власта ја пренесе врз цивилна влада и започна курс на отворање на земјата и дијалог со опозицијата. Аунг Сан Су Чи петнаесет години претходно помина во куќен притвор.