1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Ауди“ планира рекордни инвестиции

Автомобилскиот концерн „Ауди“ конечно сака да одржи чекор со вечниот конкурент „БМВ“. За таа цел производителот мора да инвестира голема сума пари - толку многу како никогаш досега во историјата на претпријатието.

„Ауди“ сака пред сѐ едно: да претекне. И, конечно да продаде повеќе автомобили од вечниот конкурент од Баварија „БМВ“.

Но, од ништо доаѓа ништо. Затоа концернот, фирма ќерка на „Фолксваген“, планира инвестиции за наредните четири години во висина од 22 милијарди евра.

Парите во прва линија ќе бидат наменети за нови модели и технологии. Со тоа „Ауди“ сака да собере поени и да ги остави конкурентните претпријатија зад себе.

Во 2012. година „Ауди“ во целиот свет продаде 1,46 милиони возила. Но, „БМВ“ со 1,54 милиони испорачки сепак беше чекор понапред. Во 2013. година се чини дека „Ауди“ напредува - до октомври годинава концернот продаде 1,31 милиони возила, додека марката „БМВ“ само малку повеќе - 1,35 милиони автомобили.

Од инвестициите во милијарди пред сѐ треба да профитираат германските производствени погони на „Ауди“ во Инголштат и Некарсулм.

Но, и во странство би можело да се отворат нови работни места, повеќе од 1.000 само во Мексико. Таму „Ауди“ планира од 2016 година да го произведува новиот автомобил „Q5“