1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ауди во потрага по подмладок

Во клучните стопански гранки, како машинската или автомобилската индустрија, итно се неопходни стручњаци. Здружението на гемански инженери со потрага по нови соработници почнува кај најмладите.

Детскиот клуб од Здружението на германски инженери е на екскурзија во фрабриката на Ауди во Инголштат. Автомобилскиот концерн се обидува да привлече идни стручњаци. Дел од децата велат:

„Се интересирам за техника“

„Гледаме како возат автомобилите, но како се произведуваат не знаеме.“

Идејата на ВДИНИ-клубовите е да се разбуди интерес за техника на што помлада возраст. Во Германија има 45 вакви клубови. Овој клуб од Нирнберг беше првиот. Го основаше инженерот Бодо Икингер. Тој волонтерски организира експерименти и излети за децата.

„Идејата е не само да седат во училишните клупи и да ги слушаат наставниците, туку и самите да пробаат да направат нешто, да изведуваат експерименти и едноставно да ја доживеат техниката и можностите што таа ги нуди, за да можат подобро да ја разберат“, вели Икингер.

10.01.2014 DW WIRTSCHAFT Audi Nachwuchs Kinder

Задача на ВДИНИ-клубовите е децата од најрана возраст да се заинтересираат за техника

Таква е намерата и на автомобилскиот концерн. Тој ширум светот вработува над 72.000 луѓе, секоја сфера е високо специјализирана. Ауди има намера до 2020 година да произведува по 2 милиони возила годишно. За тоа му се потребни добро обучени луѓе.

Михаел Грос, раководител на одделот за кадровски маркетинг во Ауди, само годинава треба да вработи 1500 нови соработници, 350 работни места се се‘ уште отворени. Затоа поттикнување на подмладокот е секогаш голема тема:

„Овде, во Инголштат на пример, годишно имаме до 2000 ученици на пракса, кои можат да ги видат нашите работилници за обука и, на пример, во период од една недела да сфатат што прави еден инженер.“

Дваесетте деца од ВДИНИ-клубот Нирнберг имаат време уште неколку години. Дали подоцна ќе произведуваат автомобили? Во тоа не се сите сигурни.

Autofabrik (AUDI)

„Не е многу интересно, зашто гледаме само како се зашрафува“, вели едно девојче, а друго на прашањето дали може да си претстави да работи како инженер, одговара: „Ммм, не.“

Трето девојче пак објаснува:

„Можеби, но ако работам, тогаш во канцеларија или така нешто, но не каде што се произведува.“

И автомобилите прво мора да минат низ процес на развој, можеби тоа е некое идно работно место.