1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Аудиција за младите оперски таленти од Балканот во Атина

Фестивалот на камерна опера во замокот Рајнсберг кај Берлин секоја година , ги збира дел од младите оперски таленти ширум светот нудејќи им можност да работат со искусни диригенти и режисери. Аудицијата обично се одржува во Берлин и во уште еден град во светот. Оваа година , организаторите се одлучија другиот град да биде Атина со цел да им се олесни учеството на аудицијата на кандидатите од југоисточна Евр

default

опа. Рокот за пријавување на аудицијата е 15 декември

На 11 јануари , двајца членови на жирито на фестивалот на камерна опера на замокот Рајнсберг пристигнуваат во Атина. Два дена тие ќе слушаат што имаат да понудат младите пејачи од Балканот и од Италија. Победниците не добиваат пари туку ангажман во операта и првокласни ментори. Зигфрид Матус , уметнички директор на камерната опера веќе 15 години на ваков начин се обидува да им помогне на младите таленти да ја започнат кариерата:

Желба ни е на аудиција за определени улоги да ги пронајдеме најдобрите пејачи. Нив потоа ќе ги претставиме во Рајнсберг. Ќе добијат одлични ментори , за да можат потоа да се обидат својот талент и знаење да им го покажат на публиката агентитет и медиумите. И се надеваме дека токму добрите пејачи од Балканот ќе можат полесно да дојдат во Атине отколку во Берлин.

Аудицијата се врши за улогите во Белиниевата Норма , потоа во операта Ивица и Марица на Енгелберт Хампердинк и за уште една опера чив автор е Филип Телеман.

Пробите траат од 2 до 8 недели во зависност за која опера станува збор. По премиерата со реномиран оркестер следуваат концерти ширум Германија.

Јулија Гурњак , мецосопран – една од победничките на аудицијата за 2004-та година . Оваа 28 годишна Украинка студирала пеење и клавир во Одеса. Пред година и половина во Германија дознала за аудицијата во замокот Рајнсберг и се пријавила за улогата на Алиса во операта на Доничети , Лучија де Ламермур.

"Имавме проби од една недела во Брауншвајг, кои беа напорни. Секојдневно од 9 наутро до 9 навечер. Но се исплатеше-направивме добра работа. Мислам дека токму таквиот вид работа е многу важна за нашиот развој како оперски пејачи" -вели Јулија Гурањак.

Арис Аргирис, баритон од Грција , успеа да се пробие по учеството во програмата за млади таленти во Рајнсберг. Тој на аудицијата во 2002-ра година ја освои улогата во Моцартовиот Дон Жуан, по што следуваше едногодишен ангажман во театарот во Гелзенкирхен, а потоа и во ансамблот на операта во Дортмунд.

Аргирис вели дека многу нешта научил токму во Рајнсберг.

"Тоа е големо и важно искуство . За улогите се подготвуваме музички и актерски. Секако дека мора и потоа многу да се работи. Но Рајнсберг е многу важен бидејќи таму се учи тимска работа , соработката со различни личности , човек се конфронтира со сопствениот и туѓиот егоизам со комплексите , сето тоа е дел од работат. Таму има одлични педагози".

Аргирис се радува поради тоа што наредната аудиција ќе се одржи во неговиот роден град Атина. И професорот матус со нетрпение ги исчекува средбите со новите таленти од југот.

Кандидатите кои не треба да бидат постари од 32 години до 15 декември преку пошта или преку интернет можат да се пријават на аудицијата која ќе се одржи во Атина. Потоа тие ќе добијат покана од организаторот во Грција. Имињата на победниците ќе бидат соопштени по Аудицијата во Берлин која пак ќе се одржи во февруари 2005-та година.

Аудиции:

11. и 12. Јануари 2005 Odeoin Nakas, Athen

1. до 6. Февруари 2005 Deutsche Oper, Berlin

Пајачите кои сакаат да се кандидираат за некоја од улогите , а не се во состојба да учествуваат на аудициите , можат да конкурираат по пат на аудио или видео снимка.

Адресите за пријавување за учество на аудициите се :

KAMMEROPER SCHLOSS RHEINSBERG GMBH Kavalierhaus

D-16831 Rheinsberg

e-mail: kammeroper.schloss.rheinsberg@t-online.de

info@kammeroper-schloss-rheinsberg.de

Интернет адреса : www.kammeroper-schloss-rheinsberg.de

И во Атина :

Katrin Zenz
Anafiotika 65
GR-10556 Athen, Plaka
Tel./Fax: +30-(0)210 3220041
E-Mail: katze@uom.gr

Трошоците за патот ги плаќа самиот кандидат.