1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Атрактивна туристичка дестинација и без фудбалот

Јужноафриканската Република има што да понуди и надвор од Светското фудбалско првенство. Оваа земја е една од најубавите на „црниот континент“ и претставува многу посакувана туристичка дестинација.

default

Слонови во Јужноафриканската Република

„Сме виделе и по 9,1 милион посетители годишно и тоа од целиот свет. Најголемиот број туристи доаѓаат од Африка, а на второ место се европските земји. Германија за туризмот е трет национален пазар по големина за Јужноафриканската Република,“ објаснува Тереза Беј-Милер од агенцијата „Јужна Африка туризам“.

Таа додава и дека гостите од Германија често патуваат во сопствен аранжман. Дури 70% од германските гости си подготвуваат сопствена тура, бидејќи Јужноафриканската Република располага со извонредна сообраќајна инфраструктура. „Тие букираат делумно екскурзии или подготвени тури, но со автомобил, бидејќи овде ги чека одлична патна мрежа.“

Разни погодности

Туристите од Германија стигаат до Јужноафриканската Република за 9 часа лет и тоа без проблеми со временската разлика, бидејќи земјата се наоѓа делумно во истата временска зона, а делумно само еден час подоцна. Од туристичките хајлајти што секако треба да се видат, Тереза Беј-Милер ги издвојува следните:

Johannesburg Skyline

Метропола полна со живот: Јоханесбург

„Секој, кој првпат лета за Јужноафриканската Република треба по секоја цена да го посети Тафелберг. Потоа мора да оди на ’Ртот на добра надеж, да посети едно сафари како доживување во дивина...“

Овде има и голем број национални паркови, како и приватни резервати со диви животни. Јужноафриканскиот министер за туризам, Мартинус ван Шалквик, посочува: „Луѓето можат на утро да одат на појадок во резерват каде има носорози, слонови и лавови. Потоа попладне можат да присуствуваат на некој од фудбалските натпревари на Светското првенство, а вечерта повторно да бидат во посета на дивината со скара за вечера.“

Богата историја

Освен тоа омилена атракција е и гледањето китови во Индискиот океан, а земјата нуди и богати културни и политички хајлајти: „Имаме богата политичка историја, ја имаме животната приказна на Нелсон Мандела, кој мина цели 27 години в затвор поради борбата против апартхејдот, а кога излезе стана прв црн претседател...“

Fussball WM 2010 Südafrika Pretoria Flash-Galerie

Преторија е исто така голем магнет за туристите од целиот свет

Јужноафриканската Република е многу разновидна што се однесува до пејсажите. Тука има пустини со песок, савани, карпести пејсажи во планините, но и субтропски џунгли. Освен тоа: „Тука има комбинација на вино, одлично јадење по многу ефтини цени, жив пулс на градовите како Дурбан или Јоханесбург. Оваа земја е толку разновидна, што човек секако ќе посака повторно да дојде во неа,“ нагласува Тереза Беј-Милер од агенцијата „Јужна Африка туризам“.

Автор: Арнулф Бечер/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска