1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Атлетик и Атлетико поуспешни во шпанско-германската пресметка

Баскијците славеа убедливо во Гелзенкирхен со 4:2 во Лига Европа. Хановер несреќно загуби од Атлетико во Мадрид со 2:1. Алкмар и Спортинг обезбедија предност против Валенсија, односно Металург

Фудбалерите на Атлетик Билбао извојуваа убедлива победа од 4:2 над Шалке во првиот четвртфинален дуел од Лига Европа. Во Гелзенкирхен беше видена голема борба и отворен меч во кој гостите од Билбао се покажаа далеку поуспешни. Љоренте го доведе Атлетик во водство во 20. минута, но неполна минута подоцна Раул израмни на 1:1. Шалке потоа ја презеде иницијативата и имаше повеќе од играта, но резултатот остана ист до 60. минута. Тогаш, Раул уште еднаш докажа дека и на 35 годишна возраст е голем играч и со одличен волеј удар од 20-ина метри му донесе прва предност на Шалке. Но, мечот донесе нов пресврт. Најпрво Љоренте израмни на 2:2 во 73., а потоа фудбалерите од Билбао успеаја преку контранапади со головите на Де Маркос и Муниаин да го решат мечот во своја корист.

На Пиринејскиот полуостров, пак, друга слика. Далеку позатворен меч меѓу Атлетико Мадрид и Хановер, во кој гостите со „бункер“ се обидуваа да си

Fußball Europa League Viertelfinale Atletico Madrid gegen Hannover 96 Hinspiel

Диуф го прославува голот за Хановер

обезбедат предност пред реваншот. Атлетико поведе рано, уште во 10. минута со голот на Фалкао. Израмнување донесе Диуф во 38. минута. Конечните 2:1 и минимална предност за Атлетико пред реваншот му донесе Савио со гол во 89. минута.

Во Алкмар, АЗ обезбеди минимална предност од 2:1 во дуелот против Валенсија. Холман го донесе АЗ во водство во првото полувреме, израмни Топал на почетокот на вториот дел, а конечниот резултат го постави Мартенс во финишот на мечот.

И португалскиот Спортинг со истата предност над украинскиот Металург ќе патува за Запорожје во последниот четвртфинален дуел. Португалците пред домашна публика победија со 2:1 со головите на Исмаилов и Инсуа во второто полувреме. Голот нагости за Металург беше дело на Клејтон од пенал во последната, 90. минута од мечот.

Реванш натпреварите се на програмата на 5. април.