1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Атлетиката и натаму е „кралица“

Даегу го издржа и го одржа темпото наметнато во олимпискиот Пекинг и особено во Берлин пред две години! Потенцијалот на најграндиозниот спорт и натаму е огромен. Перспективите, исто така.

default

Од Далечниот исток во деновите штотуку изминати, изискрија нови зраци, кои допрва ќе блескаат на атлетското небо. Џејмс од Гренада, Џеилан од Етиопија, Тејлор од САД, Војчеховски од Полска, Германецот Шторл пред две недели беа надежи, денеска се светски шампиони.

Австралијката Сали Пирсон, Американките Демус и Џетер, Русинките Абакумова и Савинова имаа брилијантни настапи. Само мали нијанси, стотинки или сантиметриги им недостигаа своето дело да го украсат и со светски рекорди.

Sport Leichtathletik Weltmeisterschaften Daegu Südkorea Robert Harting

Роберт Хартинг одбраната на златото во фрлање диск во Даегу ја прослави на сличен начин како на претходното СП во Берлин

Беа Кенијците, сега Кенијките се големиот феномен на атлетиката од оваа африканска земја. Во трките на долги патеки на 5, на 10 километри и во маратонот освоија дури 8 медали. Остварување недостижно за генерации и генерации! Вивијан Чериот е примадоната со двојната круна на 5 и 10 километри.

Поднаслов: Ѕвездата на Болт блеска со ист сјај

А, Болт е приказната за себе.

Usain Bolt Leichtatlethik-WM 2011 Daegu Südkorea

Атлетска супеѕзвезда: Усеин Болт

Неговата широка насмевка ги украси завршните слики од големиот спортски настан.Насмевка,триумфална по единствениот светски рекорд во Даегу во штафетата 4х 100 метри, чиј инспиратор беше токму неговата фуриозност. Болт по кикс-дисквалификацијата на „стотка“, брзо стана оној стариот со „луњата“ што ја предизвика на 200 метри. Тој веројатно е единствениот спортист, кој со едно движење на раката предизвикува хистерија кај младите и симпатии кај возрасните приврзаници на атлетиката.

Поднаслов: Германија , фрлачка велесила

Не е некоја вест дека САД се најуспешниот тим според бројот на освоените медали, дека Русија е моќна, дека Јамајка има одлични тркачки состави...Вест се златните медали , кои патуваат во Гренада и во Боцвана! Поучно за закочената македонска атлетика , дека и малите средини можат да создадат светски шампиони!

Германија низ призма на Даегу е главна велесила во фрлачките дисциплини!

Flash-Galerie Leichtathletik WM Daegu 2011 Staffel Jamaika

Болт, Блејк, Картер и Фрејтер- спринтерите од Јамајка го постигнаа единствениот светски рекорд во Даегу во штафетата на 100 метри

Од 7-те медали 5 се во фрлање диск, ѓуле, копје и  кладиво. Хартвиг, Шторл и Де Зордо се лауреатите. Реномето на германската атлетика е зачувано.Само недостигаат асови во трчањето,како што во поблиското минато беа Крабе, Бауман, Шуман и задоволството кое тие го предизвикуваа со своите настапи.

Даегу 2011-та беше 13-та станица од 28 годишната мондијалска историја. Го задржа високото реноме што го ужива атлетиката.Актерите од 202-те земји учеснички се погрижија за основното, за високите резултатски дострели!

Автор: Златко Калински, Даегу

Редактор: Симе Недевски

 

DW.COM