1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Атина: Приемот на Македонија во НАТО не зависи од спорот со Грција

Грчкото МВР тврди: грчките позиции за проширување на НАТО се поврзани со општите критериуми, а не со грчко-македонските билатерални односи. Шефот на дипломатијата Венизелос учествува на средбата на НАТО во Брисел.

Грчките позиции за проширувањето на НАТО, особено во однос на предусловите за членство на Македонија во Алијансата, се апсолутно јасни и повеќе се поврзани со општите критериуми на НАТО, а не со грчко-македонските билатерални односи.

Ова се вели во соопштението на грчкото МНР во врска со учеството на министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел.

Тој синоќа присуствуваше на работната вечера на која се дискутираше за изгледите за проширување на Алијансата, на која го презентирал ставот дека членството на Макдонија во НАТО не е поврзано со грчко-македонските билатерални односи.

Венизелос вчера во Брисел учествуваше и во дискусии за иднината на евроатлантската соработка, подготовките за самитот во 2014 година и НАТО партнерството.

Грчкиот министер за надворешни работи потенцирал дека односите НАТО - Русија се од витално значење и во реалноста тие имаат влијание врз голем број на важни области, вклучувајќи ја политика на Источното соседство на ЕУ и политика на НАТО во однос на отворената врата за членство.

Поврзана содржина