1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Атина не е одушевена од предлогот на Филе

Грција бара суштински резултат од евентуалната трилатерална средба на еврокомесарот Штефан Филе со шефовите на дипломатиите на Македонија, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос.

Грција не е против евентуална трилатерална средба на еврокомесарот Штефан Филе со шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, но потсетува дека суштинските разговори за името се водат во Обединетите Нации. Ова е одговорот на грчката страна, на иницијативата покрената во писмото на Филе до грчкиот министер Аврамопулос.

Од грчкото МНР бараат и таквата евентуална средба да има конкретни резултати.

„Во врска со можноста за средба на министрите за надворешни работи на двете земји со комесарот Филе, како што споменува Филе во неговото писмо, за да се промовира грчката иницијатива за потпишување меморандум за разбирање меѓу Грција и ПЈРМ, Грција првично не е против средби, под услов да има добра подготовка и најважното - да се гарантира дека ќе имаат суштински резултат. За потсетување, суштината на преговорите со Нимиц, кој е одново активиран благодарение на грчката иницијатива, не е поврзан во никој случај со Европската унија“, се вели во писмената изјава на портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас.