1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Атина најави контрапотег

Грција оценува дека Македонија со поднесувањето на тужбата во Хаг, сака да го одложи решението за името. Атина најави објавување на сите наводни прекршувања на Времената спогодба од македонска страна.

default

Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Македонија ја тужи Грција поради блокадата на нејзината покана за членство во НАТО, на самитот во Букурешт во април годинава. Портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Јоргос Кумуцакос, изјави дека Грција не ја прекршила Времената спогодба, која двете земји ја потпишаа во 1995 година. Во спогодбата, меѓу другото стои дека Грција нема право да го спречува членството на земјата во меѓународни институции, под привремената референца БЈРМ.

Преговорите не се прекинуваат

Тужбата пред Меѓународниот суд на правдата не се однесува на името и не се прекинуваат билатералните преговори со медијаторство на ОН и Метју Нимиц. Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски,

Mazedonien Außenminister Antonio Milososki zu Kosovo

Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски

изјави: „Грција грубо ја прекрши Времената спогодба и членот 11, во април оваа година на самитот во Букурешт, кога со дејствувањето на грчката влада и нејзини официјални претставници, Македонија беше попречена во добивањето покана за зачленување во северно-атлантската алијанса. Ваквото повредување на Времената спогодба ја доведува Македонија во правна несигурност“, рече Милошоски.

Неговата изјава беше дадена откако министерот претходно ги информирал амбасадорите на НАТО и на ЕУ во Скопје за тужбата пред судот. Францускиот амбасадор, Бернар Валеро, беше задоволен што не доаѓа до прекин на билатералните преговори околу спорот за името.

Црвенковски изненаден зашто не бил консултиран

Македонскиот премиер, Никола Груевски, со оваа одлука на македонската влада го изненадил претседателот, Бранко Црвенковски на вчерашната (17.11.08) средба, на која требало да се разговара за новиот македонски преговарач во спорот околу името. Шефот на државата соопшти дека не бил консултиран за ова решение на македонската влада. Но, пред еден месец, претседателот Црвенковски во парламентарното

Mazedonischer Präsident Branko Crvenkovski

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски

обраќање не ја исклучи тужбата пред Меѓународниот суд за правда, со која Грција треба да се дисциплинира во почитување на заемните обврски од спогодбата и да не става вето за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Веднаш по самитот во Букурешт, со вака интонирано писмо, Црвенковски за потегот на Грција го информираше и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Судот е шанса за „малите“

Пред априлскиот самит на НАТО, универзитетскиот професор, Тони Десковски јавно се заложи Македонија да ја тужи Грција пред Меѓународниот суд во Хаг, поради спречувањето на влез во алијансата. Десковски смета: „Ова е шанса за послабите страни, како што е Македонија во овој спор, да добијат арена во која што ќе имаат еднакви шанси за успех, зависно од тоа каква е позицијата на меѓународната правда. Врз основа на она што можеме да го видиме, меѓународното право е на страна на Македонија. Верувам во позитивна одлука.“

Пред Меѓународниот суд на правдата, Македонија ќе ја застапува министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Постапката пред судот во Хаг трае меѓу 3 и 5 години, а некогаш и подолго. Одлуката што ќе ја донесе судот е конечна и обврзувачка за земјите кои се спорат.

DW.COM