1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Атина и Солун под опсада

Ситуацијата во Грција повторно се заострува. Во Солун, тред ден по ред продолжуваат насилните демонстрации. Нови протести се најавени и во Атина. Причина е убиството на еден тинејџер од страна на полицијата.

default

Во акција се неколку стотици полицајци

Во грчкиот пристанишен град Солун и денеска продолжуваат насилните демонстрации. Демонстрантите повторно фрлаат со молотови коктели и камења кон полицајците. Според очевидци, овој град личи на вистинска борбена зона, бидејќи демонстрантите продолжуваат со палење и демолирање на дуќани и автомобили. Во Атина засега е мирно, но полицајците се подготвуваат за нов бран демонстрации попладнево.

Според полицијата, околу 40 луѓе се досега повредени во безредијата во Атина, Солун и други грчки градови кои започнаа во саботата по убиството на 15-годишно момче од страна на полицијата.

Ausschreitungen Griechenland Athen Migranten

Атина личи на вистинска борбена зона

Направена е и огромна материјална штета бидејќи се демолирани и запалени десетици деловни објекти и автомобили. Полицијата во неколку наврати мораше да употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Дваесет и две лица се притворени.

Поради нередите, во Атина и во Солун, денеска поголем дел од универзитетите не работат, откако грчката Комунистичка партија, екстремно левичарска група, повика да се одржат нови демонстрации.

Најголеми безредија во изминативе две децении

Полицијата претходно соопшти дека се уапсени двајцата полицајци кои учествуваа во саботниот инцидент, кој е повод за немирите. Тој се случи во проблематичниот атински кварт Егзархија, кој инаку се смета за легло на лево-радикалните групи. Според полициската верзија на настанот, група млади фрлале камења врз полициска патрола, поради што полицајците во знак на предупредување испукале куршуми во воздух. Еден од нив наводно по грешка го погодил момчето и му задал смртни повреди.

Löscharbeiten in Athen

Пожарникарите го гаснат пожарот во запалена стоковна куќа во Атина

Познавачите на приликите во Грција ја критикуваат владата дека со децении не се справува со екстремно-левичарските групи во квартот Егзархија. Таму полицијата речиси и да не влегува, а владата имаше погрешна тактика дека ако таа не ги предизвикува левичарите, тие ќе го остават остатокот од главниот град на мира. Цената за ваквата погрешна политика сега ја плаќаат сопствениците на продавници и другите обични граѓани на Атина.

Инаку ова се најголеми безредија во Грција за последниве две децении. Во 1985. година исто така беше убиено едно 15-годишно момче од истрели на полицаец, по што избувнаа големи безредија во земјата.

Поврзана содржина