1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Атентат врз ирачкиот вицепремиер

Ирачкиот вицепремиер Салам ал Собаи е ранет во самоубиствен атентат.Тој присуствувал на петочната молитва во една багдадска џамија,кога напаѓачот се разнесол во воздух во близина на верниците.Најмалку шестмина од нив загинале,меѓу нив и еден од советниците на вицепремиерот,додека 15 луѓе се ранети.Собаи е префрлен во американска воена болница,неговата состојба се означува како нестабилна,но не е во животна опасност.Тој е еден од двајцата заменици претседатели на владата и припаѓа на најважното сунитско групирање во Ирак.