1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Атентатор се разнесе на мост во Багдад

Во главниот ирачки град Багдад утринава атентатор самоубиец се разнесе на мост на реката Тигар. Загинаа најмалку осум лица, а над дваесет се ранети. Од детонацијата беше оштетена конструкцијата на мостот, поради што неколки автомобили завршија во реката. Властите очекуваат бројот на жртвите да се зголеми.