1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Астронаути од МВС се вратија на Земјата

По повеќе од пет месеци минати во Меѓународната вселенска станица, тројца астронаути повторно се вратија на Земјата. Тие се спуштија во Бајконур, во степата на Казахстан.

Капсулата за спуштање на рускиот вселенски брод „Сојуз ТМА-08М“, со тројца членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица, се приземји во казахстанската степа.

На Земјата се вратија Русинот Павел Виноградов, неговиот колега Александар Мисуркин и американскиот астронаут Кристофер Кесиди. Тие на МВС минаа над 165 дена. Нивната мисија меѓу другото беше прошетка во вселената заради поправка на системот за ладење на МВС, од кој истекол амонијак. По месеци поминати во бестежинска состојба, мускулатурата на атронаутите е ослабната, но нивното расположение беше одлично. Руската телевизија во живо го пренесуваше приземјувањето на вселенската капсула.

Сега во МВС на околу 410 километри височина над Земјата се наоѓаат Русинот Фјодор Јурчихин, Италијанецот Лука Пармитано и Американката Карен Најберг. Наскоро е планиран стартот на следната ракета Сојуз. На 26 септември со неа кон МВС ќе полетаат руските комонаути Олег Котов и Сергеј Резански и нивниот американски колега Мајкл Хопкинс.