1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асоцијацијата АСЕАН за пример ја зема ЕУ

На Филипините во Себу денеска почна самитот на шефовите на држави и влади на Асоцијацијата на земјите на југоисточна Азија АСЕАН.

Од самитот во Себу

Од самитот во Себу

Цел на самитото е натамошен развој на економската соработка на земјите од југоисточна Азија како и посилна политичка интеграција на заедницата по пример на Европската унија. Така на пример треба да бидат усогласени статусите на работните мигранти во десетте земји членки на асоцијацијата.

Досега сеуште имаше различни позиции за оваа тема особено меѓу земјите кои ги испраќаат работниците како Индонезија, Тајланд и Филипините и оние каде тие работата како Малезија и Сингапур, вели Викроиано Лекарос портпарол на секретаријатот. „Факт е дека поедничени земји потпишале различи конвенции на ОН за заштита на работниот пазар, жените и децата. Не сите од нас поддржуваат исти конвенции. За Филипините можам да кажам дека сме ги потпишале сите такви конвенции на ОН. Но тоа не може да се тврди за сите земји членки на асоцијацијата ”

Повеќе невладини организации од југоисточна Азија како на пример индонезиската комисија за човекови права и сингапурскиот центар Тинк, се заложија на самитот да стане збор и за воведување механизми за заштита на човековите права во земјите на југоисточна Азија. Карлос Медина директор на филипинскиот Хјуман Рајтс Центар смета дека не сите земји членки на АСЕАН се подготвени на таков чекор „Во официјалната изјава на АСЕАН државите човековите права играат голема улога. Но кога конкретно ќе стане збор за човековите права, тогаш АСЕАН државите по традиција се воздржани. Мислам дека за оваа тема се прави обид да се најде решение прифатливо за сите. Во моментов сеуште нема заедничка база за општ механизам за заштита на човековите права. Но државите членки се подготвени да воведат комисија за жените, децата а како и за работните мигранти.”

Воочи самитот на шефовите на држави и влади на АСЕАН пред конгресниот центар на Себу на Филипините вчера протестираа околу 150 лица. Тие гореа слики од филипинската претседателка Глорија Аројо и скандираа атни – америакснки пароли

При демонстарциите и судирите со полицијата уапсени беа најмалку три лица. Демонстрантите инаку бараа шефовите на држави и влади на земјите на југоисточна Азија да преземат повеќе мерки портив сиромаштијста на Филипините како и против убивањето на левичарските опозиционери.