1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асанж е една година во амбасадата на Еквадор

Основачот на интернет-платформата Викиликс, Џулијан Асанж, и по една година од бегството во амбасадата на Еквадор во Лондон стравува од испорака на САД. Тој тврди дека таму веќе го чека запечатено обвинение.

Џулијан Асанж изјави дека нема да ја напушти еквадорската амбасада дури ниту ако бидат повлечени обвиненијата против него во Шведска. Таму тој се товари за сексуални кривични дела. Асанж се плаши дека ќе биде веднаш уапсен и однесен во САД. Единствено решение е британската влада да му гарантира сигурен излез од земјата. Еквадор веќе му даде политички азил на основачот на Викиликс.

Џулијан Асанж побегна пред точно една година во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да спречи негова испорака на Шведска. Правосудството на Шведска сака да го испраша околу обвинувањата за силување. Асанж, пак, постојано повторува, дека зад тоа се крие само намера тој да им биде предаден на САД. Шведските власти ги демантираат обвинувањата дека станува збор за политички мотивиран опроцес под притисок на САД.

Викиликс објави голем број тајни дипломатски документи, како на пример за улогата на САД во војните во Ирак и Авганистан. Во понеделникот (17.06) министерот за надвoрешни работи на Еквадор Рикардо Патињо се сретна со својот британски колега Вилијам Хејг, за да се најде решние за случајот. Досега нема напредок.