1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асад ја предупредува Европа

Сирискиот претседател Башар ал-Асад ги предупреди европските држави да не им лиферуваат оружје на сириските бунтовници. Тој во Дамаск даде интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Доколку Европејците лиферуваат оружје за бунтовниците, дворот на Европа ќе стане терористички и Европа ќе ја плати цената за тоа“, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервју за утрешното (18.06) издание на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Последица од лиферувањето оружје за бунтовниците, според Асад, би била зголемена терористичка опасност на европскиот континент. „Терористите ќе станат искусни за војна и ќе се вратат вооружени со екстремистичка идеологија“, предупредува Асад во интервјуто водено во сирискиот главен град, Дамаск.

Сирискиот претседател, истовремено, ги демантира обвинувањата на САД, Велика Британија и Франција дека неговите сили употребиле отровен гас. Ако за тоа има какви било докази, тие одамна ќе беа презентирани, тврди Асад. Тој стриктно ја отфрла од себе одговорноста за ескалацијата на сириската граѓанска војна и бунтовниците ги обвинува за тероризам. Соработката со Русија и Иран, спроед сирискиот пртетседател, е легитимна поддршка.