1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асад чувствува жал, но не и вина за убиствата во Сирија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека никогаш не наредил брутално задушување на протестите во неговата земја и се обиде да нагласи дека само луд човек би си го убивал својот народ.

default

Сирискиот претседател Башар ал-Асад

Асад се обиде да се дистанцира од одговорноста за насилството во кое, според проценките на ОН, се убиени 4000 луѓе. „Чувствувате жал за животот што е загубен, но не чувствувате вина кога не убивате луѓе“, рече Асад во интервју за Еј-Би-Си.

Меѓународната заедница го критикува Асад за тврдењата дека востанието во неговата земја е дело на странски екстремисти, кои вистински не бараат реформи, туку имаат намера да воведат авторитарен политички систем.

ABC Interview mit Baschar al-Assad 2011

Асад и водителката на Еј-Би-Си, Барбара Волтерс

ОН ги отфрлаат таквите тврдења и го обвинуваат режимот на Асад за широко распространети убиства на населението, силувања и тортура. Сведоци и активисти за заштита на човековите права тврдат дека се соочуваат со брутална репресија, бидејќи владините сили пукаат на невооружени демонстранти, како и за спроведување рации преку ноќ од куќа до куќа, при кои многумина се однесени од своите домови.

Асад е или луд, или загубил чувство за реалност

„Зборуваме за лажни обвинувања. Тоа не се мои сили. Тие се полициски сили, кои и’ припаѓаат на владата. Јас не ги поседувам нив. Јас сум претседател. Не ја поседувам земјата“, одговори Асад на тврдењата за насилства и убиства врз цивилите. Притоа, рече дека трупите кои се однесувале лошо ќе се соочат со казна, а најголем дел од жртвите биле негови приврзаници или војници, а не демонстранти.

ABC Interview mit Baschar al-Assad 2011

Сцена од интервјуто на Башар ал-Асад за Еј-Би-Си

„Светот е сведок што се случува во Сирија. САД и многу, многу други нации во светот, кои се обединија во осудата на насилството во Сирија извршено од режимот на Асад, знаат точно што се случува и кој е одговорен“, порача Белата куќа преку својот портпарол Џеј Карнеј.

И Стејт Департментот реагираше на изјавите на Асад. „Сирискиот претседател или нема никаква врска со реалноста, или е луд“, рече портпаролот, Марк Тонер. Тој го повтори американскиот став дека Асад го загуби кредибилитетот да седи на власт.

46 годишниот Асад ја доби власта во 2000-та година од својот татко. Во вчерашното интервју тој рече дека ако почувствува оти ја губи поддршката од народот, тогаш ќе си замине од власт.

Автор: Александар Методијев/ап/бета/ макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска