1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асад: Уништувањето на хемиското оружје е комплицирано и скапо

Да, тој сака да го уништи хемиското оружје во својата земја, изјави сирискиот властодржец Асад во интервју за една американска телевизија. Тоа меѓутоа е скапо и чини време, вели Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека ќе го почитува планот што предвидува уништување на хемиското оружје што го поседува Сирија, но предупреди дека за тоа ќе биде потребна околу една година.

Асад во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“ повтори дека неговите трупи не се одговорни за смртноносниот хемиски напад во околината на Дамаск на 21. август.

„Странските влади ги поддржуваат бунтовниците и така хемискиот гас сарин можел да дојде во нивни раце. Зошто ние би го користеле гасот кога армијата напредува во офанзивата“, истакна сирискиот лидер.

„Вашингтон, за разлика од Москва, се обидува да се вмеша во тоа како ќе изгледа власта во Сирија. Послушај ги своите граѓани, следи го нивниот здрав разум“, му порача Асад на американскиот претседател Барак Обама.

Според него, отстранувањето на хемиското оружје ќе чини околу милијарда долари и за тоа ќе биде потребна околу една година.

Сирискиот претседател повтори дека одлуката да се уништат залихите на хемиско оружје не е донесена поради заканата со напад од САД. „Сирија не се повлекува пред заканите, туку одговори на руската иницијатива и поради нашите потреби и убедувања кои ги имаме. Ова засега е политика меѓу големите сили“, додаде Асад, осврнувајќи се на разликите кои постојат меѓу Вашингтон и Москва околу резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Тој потврди дека Сирија поседува хемиско оружје и оти уште во 2003 година предложила на ОН сите земји од Блискиот Исток да се обврзат дека ќе го уништат и ќе создадат регион без хемиско оружје, но САД тоа тогаш го одбиле.

Западните држави меѓутоа оценуваат дека за нападот со хемиско оружје е одгoворно сириското раководство под претседателот Асад. САД и Франција затоа се заканија со воен напад. Владата во Дамаск потоа го прифати рускиот предлог да го уништи арсеналот со хемиско оружје под меѓународна контрола. Во моментов во Советот за безебднoст на ОН се водат разговори околу деталите за овој план.