1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асад сардисан од сите страни

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска во Москва ќе оствари средба со неговиот руски колега Сергеј Лавров. Централна тема на разговорите се очекува да биде конфликтот во Сирија.

Русија досега ги блокираше обидите за симнување од власт на претседателот Башар aл-Асад. Шефот на германската дипломатија, покрај со својот руски колега, ќе разговара и со претставници на руската опозиција.

Претставник на руските власти вчера информираше дека земјата не разговара за иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад и за негов можен азил. Дипломатски извор информираше дека „Русија ниту планира, ниту планирала да го прими“ сирискиот Претседател. Друг руски извор, пак, информираше дека официјална Москва не го поддржува лично Асад и смета дека му се мали шансите за опстанок на власт.

По посетата на Моксва, германскиот министер Вестереле заминува за Париз, каде по покана на францускиот претседател Франсоа Оланд ќе се оддржи средба на меѓународната група на пријатели на Сирија.

Расте притисокот врз Асад

А, од таму и се зголемува притисокот врз Асад. Франција и Велика Британија најавија дека ќе работат на наметнување построги санкции во ОН врз режимот во Сирија, ако планот за транзиција на власта не доведе до брз прекин на

Bundesaußenminister Guido Westerwelle auf dem Deutsche Welle Global Media Forum 2012 (26.06.2012) in Bonn.

Außenminister Guido Westerwelle auf dem Deutsche Welle Global Media Forum

крвопролевањето. Од друга страна, високи сириски воени функционери продолжуваат со дезертирање од армијата. Последниот таков случај, 15-ти по ред, е од вчера, кога висок офицер пребега во Турција, а со него дезертираа и двајца полковници.

Во меѓувреме, швајцарската влада донесе одлука дека го запира снабдувањето со оружје на Обединетите арапски емирати, откако се појавија извештаи во медиумите дека гранати произведени во Швајцарија си го нашле својот пат до Сирија. Сепак, и покрај објавената фотографија, нема потврда дали швајцарските гранати биле искористени од сириските бунтовници во борбата против владините сили.

Ал Каеда се меша во Сирија

За мноштвото напади низ земјата одговорноста ја презеде џихадистичка група, инспирирана од Ал Каеда, што претставува последен доказ дека екстремистите го искористуваат хаосот во Сирија за свои цели. Сирискиот режим долго време обвинува дека за 16-месечниот бунт се одговорни терористи. Присуството на Ал Каеда создаде нови тешкотии за арапските и западните земји, кои се обидуваат да го принудат претседателот Башар ал-Асад да се повлече од власта.

Опозицијата и бунтовниците негира дека имаат какви било врски со тероризмот и изјавија дека тие немаат ниту желба, ниту можност за спроведување на масовни самоубиствени бомбашки напади или други напади во стилот на Ал Каеда.