1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асад прогласи општа амнестија

Додека во Сирија беснее граѓанската војна, претседателот Башар ал-Асад прогласи општа амнестија. Но, на бунтовниците таа малку нешто им донесува.

Од затворите ќе бидат ослободени сите оние кои извршиле кривични дела пред „злосторствата од 23. октомври“, соопшти сирискаат државна телевизија. Од амнестијата се изземени „терористите“ и „криминалците во бегство“. Токму во тоа е поентата, со овие називи власта во Дамаск ги означува бунтовниците, кои веќе 19 месеци се борат против режимот на Асад.

ОН планираат мировни трупи во Сирија

И покрај заострените фронтови, ОН се подготвуваат за евентуална мировна мисија во Сирија. ОН размислуваат за испраќање мировни трупи во Сирија, доколку таму дојде до прекин на огнот. Раководителот на Мисијата на сините шлемови на ОН Херве Ладсус во Њујорк потврди дека се работи на планови за ваков ангажман, но изјави дека е прерано да се детализира бројноста на трупите, за кои соодветен мандат мора да дадат ОН.

Syrien Bürgerkrieg UN Sonderbeauftragter Lakhdar Brahimi in Libanon

Брахими не се откажува

Највисокото тело на Светската организација, Советот за безбедност, меѓутоа, се‘ уште е поделен во врска со Сирија. Вето-силите Русија и Кина и натаму спречуваат донесување резолуции и санкции против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Брахими ја продолжува мисијата

Специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, Лакдар Брахими, во моментов е ангажиран со водење разговори со владата и опозицијата во Сирија заради постигнување прекин на огнот за време на исламскиот празник идната недела. Надежта за молк на оружјето е сепак мала, изјави и заменикот претседавач со Арапската лига, Ахмед Бен Хили за агенцијата Ројтерс. Сириското раководство на чело со претседателот Асад не е многу заинтересирано за примирје. Невооружената набљудувачка мисија на ОН во август ја напушти Сирија по три месеци мандат поради влошената безбедносна состојба во земјата и поради непостоењето изгледи за постигнување политичко решение.