1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асад: Опозиционерите се убијци

Првпат по седум месеци сирискиот претседател Башар ал-Асад јавно одржа говор. Тој рече дека во земјата има конфликт меѓу „татковината и нејзините непријатели“.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад  ги нарече опозиционерите „убијци“ и терористи на Ал Каеда. Во неговиот прв јавен говор по повеќе од половина година, тој пред приврзаниците во Дамаск изјави дека неговата земја е изложена на напади какви што досега не се видени. „Тоа е конфликт меѓу народот на една страна и убијците и криминалците на друга страна“.

Асад говореше во Центарот за култура и уметност во Дамаск, а говорот беше пренесуван во живо на државната телевизија. Тој побара национална мобилизација за да се задуши бунтото против него. Нацијата им припаѓа на сите и мора да се брани од страна на сите. Дијалог со марионети на Западот нема да има, рече сирискиот претседател, кој им се заблагодари на сојузниците Русија, Кина и Иран поради тоа што отфрлиле странско мешање во Сирија. Асад од Западот и арапските држави побара да ја запрат нивната помош за бунтовниците.

Изјавите на Асад постојано беа прекинувани од аплауз и упаѓање со извици од страна на лојалните приврзаници, кои во висина ја имаа кренато тупаницата за извикот „За тебе, Башар, ја жртвуваме крвта и душата!“