1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асад најавува реформи и разбивање на вооружените групи во Сирија

Сирискиот претседател Асад, како што вели, е фокусиран на „политички реформи“ и разбивање на „вооружените групи“. Шефот на сириската дипломатија пак, го предупредува светот да не го признава Советот на опозиционерите.

default

Башар ал-Асад го обвинува Западот

Агенцијата САНА денеска (09.10) јави дека сирискиот претседател Башар ал-Асад за време на посетата на министрите за надворешни работи на Куба и Венецуела на Сирија, го обвинил Западот дека „има малку интерес за реформи“ и дека „ја тера Сирија да плати цена за нејзиниот отпор против странските планови кои се коваат надвор од регионот“. Асад рекол дека Сирија е фокусирана на два фронта - „политички реформи и разбивање на вооружените групи кои сакаат да ја дестабилизираат земјата“.

Во меѓувреме, сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем ја предупреди меѓународната заедница да не го признава новооснованиот Совет на опозиционото движење. Според Ал-Муалем, Советот е нелегитимен и Сирија

Regimegegner dringen in syrische Botschaft ein

Демонстранти влегуваат во просторот на сириската амбасада во Берлин (08.10)

ќе преземе мерки против секоја држава која ќе го признае. Министерот денеска ги критикуваше и нападите врз дипломатските претставништва на неговата земја во Европа. Европските држави мора да се држат до меѓународните договори, рече тој пред новинарите во Дамаск, додавајќи дека ако тоа не се случи, Сирија ќе се однесува на ист начин.

Во текот на изминатата ноќ, демонстранти упаднаа во просторот на сириската амбасада во Берлин. Слични акции имаше и вчера во сириската мисија на ОН во Женева и денеска во конзултатот на Сирија во Хамбург, како и во Лондон и Виена. Се претпоставува дека повод за протестите е убиството на сириско-курдскиот опозиционен политичар Машаал Тамо, кој беше член и на новооснованиот Сириски национален совет и беше остар критичар на режимот на Асад. Вчера безбедносните сили на Сирија пукаа врз десетиците илјади присутни на погребот на Тамо во градот Камишли. Притоа, убиени се најмалку две лица.

Автор: ЕМФ/афп/дпа

Редактор: С. Недевски