1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Асад го отпушти „непослушниот“ заменик - премиер

Сирискиот властодржец Башар ал-Асад го отпушти заменикот-премиер Кадри Џамил, претставник на опозицијата. Тој без дозвола и договор со владата организирал состаноци во странство, се вели во декрет на Асад.

Веста за отстранувањето од кабинетот на „непослушниот“ вицепремиер ја пренесува денеска (29.10.2013) државната агенција Сана. Од сириски извори се дознава дека Џамил во саботата во Женева се сретнал со американскиот амбасадор Роберт Форд за да разговара околу подготовките за нова меѓународна мировна конференција за Сирија.

Џамил ( на фотографијата) во владата беше претставник на опозицијата. Во август тој веќе го загуби ресорот за трговија и во меѓувреме беше задолжен само за економски прашања. Тој предизвика бранувања во медиумите пред два месеци, кога во интервју за британскиот весник „Гардијан“ изјави дека граѓанската војна во Сирија се наоѓа во ќорсокак: „Ниту вооружената опозиција, ни владата не се во состојба да ја победат противничката страна“, рече тој.

Во интервјуто Џамил искажа отвореност за нова мировна конференција на која би морал да „стартува мировен политички процес“. Асад пак одби одржување на мировна конференција за Сирија.