1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Арјен Робен - премногу егоистичен за Бајерн?

Бајерн Минхен се врати на врвот на Бундеслигата. Ѕвездата Арјен Робен постигна два гола во победата над Вердер, но сепак улогата на Холанѓанецот во неговата екипа во овој меч е спорна, барем за медиумите во Германија.

default

Арјен Робен на мечот против Вердер

Извонредна претстава на човекот-тим Лукас Подолски, фантастичен гол со пета на Клас Јан Хунтелар и успешно враќање на Арјен Робен со два гола. Ова се главните „хајлајти“ на последното коло во првата фудбалска Бундеслига.

Ѕвездата на Келн , Подолски во последните минути го спаси својот тим од пораз на гостувањето во Штутгарт со својот втор гол на натпреварот за нерешени 2:2. Клас Јан Хунтелар со „голот од соништата“ го отвори резултатот кој на крајот гласеше 3:1 за неговиот Шалке и приклучок кон врвот на табелата.

Fußball 1. Bundesliga FC Schalke 04 - FC Augsburg

Хунтелар и со заштитната маска погодува без проблеми

Бајерн Минхен пак, по едно коло повторно се врати на самиот врв. Победата во Алијанц-арената од 4:1 против Вердер Бремен и нерешените 1:1 меѓу двете Борусии (Менхенгладбах и Дортмунд) дотогаш пласирани на првите две места значеа нов поглед од горе за минхенчани. Покрај победата и првото место навивачите на Бајерн можат да се радуваат и на „камбекот“ на суперѕвездата Арјен Робен, кој играше добро и постигна два гола против Вердер.

Робен - его шутер

Но „успешното враќањето на Робен“ не мина без дамки. Германските медиуми истовремено го слават, но и критикуваат холандскиот репрезентативец. Во фокусот на критика е неговата себичност и неколегијалност која ја манифестираше на последниот меч.

Fußball Bundesliga VfB Stuttgart - 1. FC Köln

Првиот гол на мечот со Штутгарт, Подолски го постигна од пенал

„Арјен Робен е светска ѕвезда. Барем ги има најдобрите предуслови за тоа. Холанѓанецот во служба на Бајерн Минхен е брз како стрела, богат со трикови и има моќен шут. Ако само ги немаше овие бројни повреди... Нему често му се припишуваат ’стаклени коски’. Клубот што ќе го потпише Робен знае дека мора да може да се справи со ваквите пречки, бидејќи кога тој повторно е фит, не треба долго да се чека на спектакуларните спринтови и голови“, вели коментаторот на Дојче Веле, Тобијас Елмајер.

Фудбалот е тимски спорт

„Но цената за овие голови е висока. Пред се ’ изгледа дека при секој настап на Робен се разнишува толку чувствителната структура на екипата, бидејќи Робен е егоист.

Arjen Robben im Streit mit Thomas Müller

Една од кавгите на Робен со колегите (на сликата со Томас Милер, минатата сезона)

И кога во саботата пред голот за конечни 4:1 против Бремен Марио Гомез со право сакаше да го изведе пеналот, Робен му ја оттргна топката и самиот го изведе ударот од 11 метри. Тоа бодеше очи бидејќи само 15 минути претходно Робен веќе погоди еден пенал за водство на Бајерн од 2:1. На Гомез, кој е најизгледен кандидат на Бајерн за најдоар стрелец во лигата, со сигурност добро ќе му дојдеше погодокот за да ја залечи неговата во последно време начната самодоверба. Во такви ситуации се враќаат сеќавањата на кавгите на Робен со неговите колеги Милер, Лам или Швајнштајгер. Бајерн значи треба многу прецизно да ја одмери наредната понуда од 45 милиони евра за Робен од Русија, зашто и за светска ѕвезда важи правилото - фудбалот е тимски спорт“, констатира новинарот на Дојче веле, Тобијас Елмајер.

Инаку, на другите натпревари во ова коло во Бундеслигата беа постигнати следниве резултати: Баер Леверкузен- Хофенхајм 2:0, Фрајбург- Хановер 1:1, Кајзерслаутерн- Херта 1:1, Волфсбург- Мајнц 2:2, Хамбургер- Нирнберг 2:0.

Автор: Симе Недевски/ТЕ/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска