1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Артофилија во Берлин

Во Прима Центар - Берлин се претставуваат лекарот-акварелист Никола Гроздановски, актерот-фотограф Игор Трпчески, архитектот-сликар Кокан Грчев и сликарот-филмаџија Киро Урдин.

default

Артофилија во Прима Центар

Не се занимаваат со чиста уметност, но живеат со и за неа. Вака би ги дефинирале македонските автори, чии дела берлинската публика ја поведуваат на возбудливо патешествие. Од Преспа, преку Прилеп и анатомијата на македонскиот човек, до звуците и сликите од светот и Африка.

Акварелот - опсесија

Најстариот меѓу четворицата креативци, пензионираниот специјалист по општа медицина, кој живее во Загреб, Никола Гроздановски, кажува дека уметноста е едноставо дел од неговиот живот. Акварелот е негова страст од младоста. На трета година студии по медицина го имал првото претставување пред публиката на тогашниот медицински факултет. Потоа следувале уште десетици и десетици други. Минатата година објавил и монографија со творештвото во последниве шест децении, од каде е направен и изборот за претставувањето во Берлин.

Во Прима Центар се изложени дел од акварелите создадени во последниве пет години во Преспа. Го прашуваме Гроздановски: зошто акварелот и зошто Преспа? „Акварелот зашто со него најдолго другарувам”- вели Гроздановски потсетувајќи дека тоа е техника, која бара прецизност и умешност, поради што е своевиден предизвик. Патем забележува дека насликал толку многу акварели, па денес по повеќе децении творештво го нарекуваат и мајстор на акварелот. А, Преспа, зашто е преубава. Тоа е негов крај и ова е обид дел од руралната архитектура да пренесе во урбаните средини и Берлин.

Прилепските мермери

Prilep, Mazedonien

Градот под Марковите кули прeтставен во Берлин

И Прилеп е во германската престолнина. Белите мермерни споменици од градот под Марковите кули во своите фотографии ги овековечи актерот Игор Трпчески. Тој за жал не стаса во Берлин, но, преку мермерните споменици е испратена пораката за потребата од поголема грижа на културното наследство. Кураторот на изложбата, Јован Балов за својот избор коментира дека бил фасциниран колку Трпчески се грижи за својот Прилеп, за зачувување на она што го создале генерации творци учесници во различните уметнички колонии.

Компјутерски концепт на анатомските цртежи

По втор пат во Берлин е и Кокан Грчев. Архитектот, кој спојот со уметноста го гледа како природен, цртањето и сликарството ги учел кај Владимир Георгиевски. Тој се претставува со полиптих, во пет интензивни бои, комбинација на компјутерска обработка и цртеж. Како база за полиптихот Грчев ги има петте анатомски цртежи кои ги изработил пред една деценија. Тогаш ги насликал со гускино перо. Сега истите ги третира компјутерски и како што вели, се соочил со новиот медиум кој го користи како перце, четка, инструмент за креација. Резултат од ваквиот експеримент на Грчев се петте оригинални и интензивни по боја делови на полиптихот просторно комплетно вклопени во Прима Центар.

Од Македонија до светот

Во берлинската „Артофилија” се` поаѓа од руралната, па преку градската архитектура и човекот како централен елемент, за да се стигне до природата, чија егзистенција е пред колапс и еколошка катастрофа. Овој процес е прикажан во филмот на Киро Урдин „Оган и вода”.

Балов вели дека единствено Урдин е уметник по професија. Својот дел од изложбата тој си обезбеди со својот едночасовен документарен филм, којшто бил сниман повеќе години на различни жешки точки на планетата. Од Африка, каде владее принципот на природна селекција - посилните преживуваат, до нуклеарни централи кои остануваат потенцијална закана за светот.

Поврзана содржина