Артман: Пресудите на Готовина и Перишиќ се правен преседан | Европа | DW | 26.05.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Артман: Пресудите на Готовина и Перишиќ се правен преседан

Поранешниот портпаролот на Хашкиот трибунал Флоренс Артман ги критикуваше пресудите за генералите Готовина и Перишиќ. Таа оценува и дека Трибуналот не успеал да поттикне обнова на довербата во поранешна Југославија.

default

Флоренс Артман

Портпаролот на Хашкиот трибунал Флоренс Артман од времето на обвинителката Карла дел Понте во интервју за Танјуг остро ги критикуваше конечните пресуди за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач како и на српскиот генерал Момчило Перишиќ, како политички потези на големите сили, кои себе си даваат алиби за избегнување на одговорноста за интервенциите ширум светот.

„Хашкиот трибунал за жал се откажа од својата задача и се знаимава првенствено со создавање правно наследство кое им одговара на големите сили кои и самите имаат слични ситуации во операциите ширум светот“, смета Артман.

Таа смета дека за тоа сведочат конечните предуси за Готовина и Перишиќ, во кои жалбениот совет креирал „правен преседан кој во иднина значително го отежнува или дури и оневозможува кривичното гонење на воени команданти“.

Uno-Tribunal in Den Haag Freisprüche für kroatische Generäle

Ослободителна пресуда за Готовина и Маркач во Хаг

Артман тврди и дека „малцинството меѓу судиите“ од Трибуналот сметале дека правната теорија од конечната пресуда за Готовина и Маркач е „гротескна“ и „спротивна на секое сфаќање на правдата“, имплицитно сугерирајќи дека биле
политички мотивирани. Нарекувајќи го тој процес „правна регресија“ Артман вели дека тоа се одразува и на интерпретацијата на настаните во текот на војните во Југославија.

„Тоа укажува дека Судот, во последната фаза од својата работа, повторно е ставен под остра контрола на политиката“, оценува Артман. „Со години, со својата храбра интерпретација на нормите на кривичното право, Судот тежнееше да го зајакне принципот на казнивост. Со тоа создаде правни пречки, кои ги спречуваат државите, па со тоа и големите сили, да водат војни без да се грижат дека еден ден нивните лидери можат да бидат повикани наодговорност. Пред затворањето на Хашкиот трибунал, по се изгледа се сака да се неутрализираат тие правни ограничувања, со цел правната регулатива која ќе остане што помалку да ги попречува“, вели поранешната портпаролка.

Трибуналот, смета Артман, не успеа ниту да поттикне обнова на довербата во поранешна Југославија, но не по своја грешка, туку затоа што во државите од регионот се' уште нема воља да се признаат сопствените злосторства и искрено да се соочат со минатото.

Тоа што Судот сега во завршната фаза, повторно е под силна контрола на политиката, според нејзиното мислење може да има тешки последици, бидејќи Хашкиот трибунал на домашните судови им дава алиби натаму да се воздржуваат од кривично гонење на планерите и наредбодавачите на злосторствата и да се задоволуваат, како и досега, со ситни риби или непосредни извршители на злосторствата.

Артман смета дека последиците се далекусежни, бидејќи хашкиот суд понудил „приближна аболиција на соучеството во врвот на командната структура, концепт кој е еден од основните постулати на меѓународното кривично право, создаден да се повикуваат на одговорност не само извршителите на злосторството, туку како што укажа Нирнберг, и мозоците кои стојат зад политиката на масовни злосторства и кои овозможуваат со своето соучество или директна команда извршување на таквата криминална политика, изјави Артман во интервјуто за Танјуг.