1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Арсенал на пат кон полуфиналето во Лигата на шампионите

Во четвртфиналето Арсенал го совлада Јувентус со 2 спрема 0. Бенфика и Барселона играа 0 спрема 0. Другите две средби денеска

Арсенал синоќа во Лондон целосно го надигра Јувентус од Торино. Обата гола се дело на тандемот Анри-Фабрегас: првиот го подготви францускиот интернационалец Тиери Анри, а го реализира 18-годишниот шпански фудбалер Фабрегас, кај вториот обратна ситуација - Фабрегас проигра, а Анри ја затресе мрежата. Арсенал го изедначи минатогодишниот рекорд на Милан – ова беше седми последовен натпревар во Лигата на шампионите на кој англискиот тим не прими гол.

Јувентус прикажа многу слаба игра, па голманот на Арсенал, Германецот Јенс Леман, речиси воопшто немаше работа. Во финишот италијанскиот тим остана без двајца фудбалери, откако поради втор жолт картон на средбата теренот мораа да го напуштат Каморанези и Зебина.

Во Лисабон Бенфика и Барселона не успеаја да ја затресат мрежата, иако обеде екипи имаа по некоја шанса.

Денеска се играат другите два четврфинални дуела: Интер го пречекува Вилјареал, а во Лион се среќаваат Олимпик и Милан.