1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Армстронг го призна допингот

Се‘ досега екс-професионалниот велосипедист Ленс Армстронг постојано го одрекуваше систематскиот допинг, но сега ги растера сите сомнежи: Тексашанецот го „отворил срцето“ во телевизиски настап!

Ленс Армстронг го призна користењето на допинг во ексклузивното интервју со Опра Винфри, односно, така барем тврдат американските медиуми, кои се повикуваат на два извора кои биле на снимањето на интервјуто. Емисијата треба да биде емитувана в четврток, на 17 јануари, а американските медиуми извлекле некои интересни детали.

Се извинувам!

Досега Армстронг се бранеше против обвинувањата за допинг кои доведоа до одземањето на неговите победнички титули на Тур де Франс. Но, од неговата уста неодамна стигна веројатно полупризнанието - пред, од него основаната, фондација за борба против ракот „Лајвстронг“ тој со треперлив глас изјавил: „Жал ми е“, на што на некои од вработените им се насолзиле очите, сведочат очевидци. Армстронг на тој начин се извинил за тоа што ги оставил соработниците на цедило и што ја прокоцкал егзистенцијата на фондацијата.

Армстронг сега, освен признанието дека се допингувал на Тур де Франс, изјавил дека е подготвен да сведочи против неколкумина челници на Меѓународниот велосипедски сојуз со намера да му биде укината доживотната суспензија што ја донесе Американската антидопинг агенција.

ЦБС објави дека Армстронг е подготвен да проговори и за други велосипедисти кои земале допинг, а за кои не се знае, и дека е подготвен да врати 30 милиони долари на даночните обврзници.