1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Армијата ќе се грижи са безбедноста на Купот на конфедерации

Десетици илјади луѓе во повеќе градови во Бразил повторно излегоа на протести против социјалната состојба во земјата и превисоките трошоци за претстојните големи спортски настани.

Само во Сао Паоло на демонстрации учествуваа околу 50.000 луѓе. Пред седиштето на градоначалникот имаше турканици и полицијата мораше да се повлече во зградата. Илјадници демонстранти се избројани и во Сао Гонсало, во близина на Рио де Жанеиро, како и во Бело Хоризонте и други градови ширум земјата. Има информации за насилни судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, а повеќе објекти се ограбени. Запалено е и возило за телевизиски пренос, како и една банка.

Dilma Rousseff

Дилма Русеф има разбирање за демонстрантите кои бараат крај на корупцијата и повеќе пари за здравство и образование

За да се гарантира безбедност за време на одржувањето на фудбалскиот Куп на конфедерации ангажирана е армијата. Министерството за правда соопшти дека војници се стационирани во пет од вкупно шест градови каде што се играат фудбалските натпревари.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф изјави дека „гласот на улицата мора да биде слушнат“. По подемот на Бразил во седма по големина економија во светот, Русеф изрази разбирање за барањата на населението. Граѓаните, според нејзе, сега „можат да бараат повеќе“ и „имаат право на тоа“. Сепак, и покрај позитивниот став, претседателката не даде конкретни ветувања.