1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Армијата отворено се закани

Се заостри кризата околу изборот на нов труски претседател, по вмешувањето на армијата. Армсикото раководоство со соопштение го повтори ставот за стриктен алицизам во земкјата, односно дека поделбата на државата од религијата решително ќе ја брани.

Турската армија покажува заби

Турската армија покажува заби

Во меѓувреме, на армиската закана реагираше и турската влада. Премиерот Реџеп Таип Ердоан кој телефонски разговараше со шефот на генералштабот Јасар Бијиканит, изјави дека остриот тон на армијата многу го загрижил. Портпаролот на владата Камил Чичек подвлече дека владата предупредувањето на армијата го разбира како да е насочено против неа додавајќи оти сите проблеми во земјата можат да се решат демократски врз основа на уставот.

Имено, генералштабот објави соопштение се подвлекува дека изборот за нов претседател го посматра со голема загриженост. Никој не смее да заборави дека армијата решително ќе настапи во одбрана на лаицизмот во земјата. Во случај на потреба, се вели натаму во соопштението, армијата многу јасно ќе ги изнесе ставот и постапките.

Причина за нескриените закани е тоа што изборот на министерот за надворешни работи Абдулах Ѓул за претседател на земјата би можел да значи избор на религиозна личност. Тоа за армијата е неприфатливо, не како последно, и поради тоа што со изборот на познат Муслиман за претседател, армијата би загубила на влијание.

Инаку, опозицијата, поради протест против Ѓул, останува и натаму на ставот за бојкот и упати жалба до уставниот суд. Таа аргументира дека на првото гласање присуствувале помалку од две третини пратеници, па кандидатто не можел да ги добие потребните гласови што е противречно. Уставниот суд решението треба да го донесе до наредниот четврток. Ако првиот круг биде прогласен за уставен, Ѓул би можел да стане нов претседател на Турција. Ако пак опозицијата биде во право, тоа не занчи само нови парламентарни избори, туку и дека парламентарното малцинство би го победило мнозинството. Освен тоа, постои сомнеж дека неутралниот уставен суд би можел да потклекне пред притисокот на армијата. Всушност, новите избори, со оглед на сегашната затегност на ситуацијата, би понудиле решение што најмалку може да донесе конфликти.