1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Армијата глинени воини“ - осмо светско чудо

За „армијата глинени војници“ во кинескиот град Ксиан, многумина велат дека е осмо светско чудо. Река посетители доаѓаат за да ги видат и да им се воодушевуваат на воините кои потекнуваат од 210 година пред нашата ера.

default

Кинески воин од теракота

Секогаш кога фигурите беа изложувани во странство, тие претставуваа и магнет за публиката. Досега се ископани повеќе од 1.000 глинени фигури од Ксиан, но се претпоставува дека под земја се наоѓаат многу повеќе од 7.000 фигури. По долго време, неодамна, во Ксианг почна нов бран на ископување.

Научниците работат со најмодерни методи

Кинеската државна телевизија пренесува слики од последните ископини во стариот царски град Ксиан. Научниците и археолозите внимателно ги откопуваат глинените фигури на „армијата од теракота“. Првите глинени војници беа пронајдени во 1974 година. Тогаш, еден селанец, копајќи бунар случајно стигна до

Terrakotta Krieger

Дел од армијата од теракота

сензационалното откритие. Армијата воини од теракота потекнува од 210 година пред нашата ера, од времето на првиот кинески цар, Куин Ши Хуангди. Со себе во гробот тој однесол далеку повеќе од 7.000 фигури. Стотици години тие лежеа во глинената почва. Но, кога при ископувањата доаѓаа во допир со воздух и сонце, ја губеа шарената боја. Така, војниците можеа да се видат во песочна боја. Затоа, во 1985 година беа прекинати ископувањата.

Тие сега можат да продолжат, вели Жоу Тие, главен инженер во истражувачкиот центар за армијата од теракота во Ксиан: „Старите методи не можеа да водат сметка за чувствителноста на слоевите боја, со кои беа обоени глинените воини. Бојата бледееше во допир со светлина. Сега се применуваат нови методи за да се зачува бојата. Прво спречуваме тие веднаш да бидат изложени на дејство на околината, туку веднаш ги третираме со специјално средство за конзервирање. На тој начин, бојата останува зачувана.“

Глинени војници со сериозни лица

Некои од воините во боја веќе може да се видат. Тие стојат во затемнетата изложбена сала, заштитени зад стакло. Глинените војници носат бледо сини или зелено обоени униформи. Нивните лица со сериозен израз имаат

Terrakottasoldaten, Xian, China, Archäologie

Воините потекнуваат од 210 година п.н.е

розевкаст тон. Предвидено е ископувања да се вршат во наредните пет години. Во работата учествува и германски истражувачки тим. Археолозите и научниците од Хајделберг, Мајнц и Минхен, заедно со кинескиот тим, развија систем преку кој може да се зачува прастариот слој боја.

Дури потоа тие ги спојуваат делумно скршените воини, вели Жоу Тие: „Мора презицно да обележиме, кои делови каде се откопани. Потоа се појавува проблемот како да ги споиме поединечните делови. Вообичаено, деловите лежат блиску едни до други, но ако фигурите се многу раскршени тогаш може да се појават проблеми. Деловите, тогаш, ги наоѓаме далеку од фигурата. Во моментов, се’ работиме рачно. Потребни ни‘ се два до три месеци додека да споиме еден воин. Но, работиме на тоа глинените воини во иднина да ги спојуваме со помош на компјутер.“

Армијата од теракота е туристички магнет

Според планот, воинте во иднина ќе може да се реконструираат уште попрецизно. Досега се откопани повеќе од 1000 воини. Но, и по 30 години откако е откопана првата фигура се’ уште има нејаснотии. Гробот на царот Куин Ши Хуангди лежи недопрен под земја. Досега се откопани стотици војници, коњаници, воени коли и

Terrakotta-Armee in Frankfurt

Глинен војник

оружје, но се’ уште е нејасно каква цел имала глинената армија. Кинеските научници се надеваат дека во иднина ќе најдат одговор на ова прашање.

Само минатата година, во Ксиан дојдоа околу три милиони посетители од целиот свет. Армијата од глинени воини е туристички магнет и извор на приходи за Кина. Тоа ја радува државата, но и Ксиао Ли. Таа има 30 години и потекнува од селото кое се наоѓа во близина на светски познатата армија од теракота. Целото нејзино семејство работи на ископините. Ксиао Ли како водич, мајка и’ како чистачка, а татко и’ и брат и’ како продавачи на сувенири. Нивниот живот целосно се промени откако беше пронајдена армијата, вели Ли: „Порано повеќето луѓе овде беа селани. Животните услови не им беа лесни. Но, откако постојат ископините и едноставните луѓе може овде да работат и да заработуваат пари.“

Автор: Петра Алденрат / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска